Со големо задоволство и со уживање во изведените музички точки заедно со многубројната публика вечерва градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева го проследи традиционалниот завршен концерт на Основното музичко училиште Владимир Арсовски од Неготино.
Сето она што учениците кои посетуваат настава и учат од своите наставници вечерва беше презентирано во форма на музичка изведба или настап на музички инструменти.


