Општина Неготино континуирано ги наградува и со тоа ги мотивира учениците за вложениот труд, знаење и посветеност со цел да им се даде силна поддршка за нивното образование и лично усовршување.
Денеска градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева додели парични награди на учениците и нивните ментори од двете основни, музичкото и средното училиште од нашиот град кои освоиле прво, второ и трето место на државни или меѓународни натпревари.
Со по 5.000, 4.000 и 3.000 денари беа наградени вкупно 45 ученици од неготинските училишта, а со 3.000 денари 19 нивни ментори. Исто така, општината додели финансиска поддршка за тројца првенци на генерацијата со напомена дека на ученичката од СОУ Св. Кирил и Методиј наградата и беше предходно врачена, а денеска со по 10.000 денари беа наградени првенецот на генерацијата од ООУ Страшо Пинџур – Ана Николова и на ООУ Гоце Делчев – Јована Алтанџиева.
Градоначалничката Нацева на сите ученици им посака остварување на многу успеси во натамошното школување бидејќи и на општината и на државата и се потребни квалитетни млади луѓе кои ќе останат тука, ќе вложуваат во своето знаење и ќе придонесуваат за подобра иднина.


