Денеска по 9-ти пат се одржаа традиционалните Џидимирски средби, а се одбележа и 10-годишнината од поставувањето на спомен обележјето на местото каде што некогаш постоело селото Џидимирци. Посетителите имаа можност да прошетаат по местото каде што некогаш живееле џидимирчани, да запалат свеќи на гробните места на нивните предци и да се потсетат на животот во селото.
Беше посетен и Музејот на град Неготино каде што на посебен простор е сместена Џидимирската соба во која се наоѓаат бројни предмети кои некогаш биле дел од секојдневието и животот на луѓето од Џидимирци.
Централниот настан се одржа во кино салата на Центарот за култура Ацо Ѓорчев со богата културно уметничка програма и говори во кои се евоцираа спомени. Присутните ги поздрави претседателот на Граѓанскиот форум за Џидимирци Јован Лазарев.
Во обраќањето градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева која е и потомка на џидимирчани, ја искажа гордоста за се она што организаторите го прават спомените за селото да продолжат да живеат и се трудат секоја година нивото на настанот да биде на повисоко ниво.


