Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на проектната активност „Развивање на планови за одржлива мобилност и обезбедување на обука за развивање и имплементација на плановите“ од проектот за поврзување на локални патишта кој се финансира од Светска банка, денеска заедно со колеги градоначалници од земјава градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева учествуваше на работилница за обука организирана од ресорното Министерство за транспорт.

Целта на обуката наменета за носителите на одлуки, во случајов градоначалниците, е да се зајакнат нивните капацитети за разбирање, поддршка и водење на процесите за развој и имплементација на плановите за одржлива урбана мобилност преку информирано и координирано одлучување базирано на резултати, сето реализирано во три сесии.

Работилницата за обука со воведни зборови ја отвори Заменик-претседателот на Владата и Министер за танспорт Александар Николоски, а на настанот обраќања имаа и други министри и претседателот на ЗЕЛС.

Close Search Window