Соопштенија
Вонредната седница на Совет на општина Неготино 29.01.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                       Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  седумнаесеттата  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 29.01.2021 година ( петок ) во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Одлука за отстапување , пренос на правото на сопственост на специјализирано комунално возило за собирање на смет ,    од општина Неготино на ЈКП Комуналец Неготино
2.    Предлог- Решение за давање согласност на измена на Годишен план за вработување за 2021 година на општина Неготино  
3.    Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници даватели на услуги и директорот на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино за 2021 година
4.    Предлог- Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општински услуги ( MSIP2)
5.    Предлог- Одлука   за изменување и дополнување на Одлука за определување на надомест за надворешен член на комисијта    за урбанизам на општина Неготино
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“ „Борис Кидрич“ и „ЈНА“) КО Неготино, Општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02) и  донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците  „Едвард  Кардељ“ „Борис Кидрич“ и „ЈНА“)  КО Неготино, Општина Неготино


Граници на опфатот сe: на север и запад по оската на улиците "ЈНА", на исток по осовината на улица „Борис Кидрич“ и  на југ по оска на улица „Едвард Кардељ“.
Опфатот е со површина  од  1,33 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Детален урбанистички план за урбана единица 3, дел од блок 12, општина Неготино (помеѓу улиците  „Едвард  Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“)  КО Неготино, Општина Неготино  со технички број  3716  од  јануари  2021 година,  е изработен од ДПТУ  ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ  увоз-извоз Кавадарци, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  01.02.2021 година  до 05.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.02.2021 година  во  13:00 часот во просториите на општина Неготино.

ДУП за УЗ 3, дел од блок 12 

 
Седница на Совет на општина Неготино 28.12.2020 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14, 13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    четериесет и четврттата     редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на Домот на културата „ Ацо Ѓорчев“   Неготино на ден 28.12.2020 година   (понеделник) во  09,00 часот.
    За седницата го предлагам следниот



Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Предлог- Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2021 година
2.    Предлог-  Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2021 година
3.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2021 година  
4.    Предлог- Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во  2021 година
5.    Предлог –  Програма за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2021 година во општина Неготино
6.    Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2021 година
7.    Предлог- Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2021 година
8.    Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
9.    Предлог- Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2021 година  
10.    Предлог- Буџет на општина Неготино за 2021 година
11.    Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготина за 2021 година
12.    Предлог – Буџетски календар за 2021 година
13.    Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година
14.    Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот  за потрошени средства од тековната и постојната резерва од Буџетот на општина Неготино за справување со кризата предизвикана со вирусот COVID  19
15.    Предлог – Одлука за донесување на детален урбанистички план за УЗ 4, за дел од блок 2, општина Неготино
16.    Предлог – Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог регионален проект- „Инсталирање на мерни станици за СМАРТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО за општините Кавадарци, Неготино , Росоман и Демир Капија
17.    Предлог- Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
18.    Предлог – Решение за давање согласност за расходување и движни ствари кои се застарени , неупотребливи и безвредни , сопственост на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
  За организирање на  Јавна расправа по Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  
Се повикуваат сите заинтерeсирани граѓани и други заинтересирани субјекти, како и претставниците на јавните претпријатија, во Општина Неготино да се вклучат во јавна расправа со свои ставови и мислења за Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект  за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  за реконструкција на ул„Вељко Влаховиќ“, ул. „Енгелсова“ ул. „Пиринска“ ул. „Првомајска“ ул. „Тиквешка“ ул. „Вардарска“ ул. „Ѓоко Мишев“ ул. „Вано Ташев“ и дел од ул. „Марксова“   Усната јавна расправа ќе се одржи на ден 29 декември 2020 година со почеток во 10.00 часот во Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино.  
Поради протоколите за заштита од КОВИД 19, се задолжуваат сите присутни лица задолжително да носат заштитна маска, да оддржуваат социјална дистанца од 2 метри и да вршат честа дезинфекција на раце, за време на оддржување на јавната расправа.  
Капацитетот на посетителите е ограничен согласно просторните услови, како и протоколите и мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19. 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог план-ДУП за Урбана заедница 5 дел од блок 18 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино PDF Печати

  Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог план-ДУП за Урбана заедница 5 дел од блок 18 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по оската на улиците "Ацо Аџи Илов", на исток по осовината на улица „Коста Волкановски“ („Марксова“), на југ по оска на улица „Владо Арсов Шпанац“ и на западната страна по осовината на улица "Пешо Самарџиев".
Опфатот е со површина  од  1,67 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот - ДУП за Урбана заедница 5 дел од блок 18 (помеѓу улиците "Ацо Аџи Илов", „Коста Волкановски“,“Владо Арсов Шпанац “ и „Пешо Самарџиев“), Општина Неготино со технички број  04-121/2020 од  декември, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  22.12.2020 година  до 28.12.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.12.2020 година  во  15:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP za UZ 5.18

 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог- ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог- ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по осовината на улица " Едвард Кардељ", на исток по осовината на улица „Енгелсова”, на југ по граница на катастарски парцели КП 9628/4 , КП 9615/21 и КП9615/20 и на запад е осовината на Обиколницата.

Опфатот е со површина  од  1,10 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“,„Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино со технички број  04-53/2020 од  декември, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  22.12.2020 година  до 28.12.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.12.2020 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP za UZ3 del od blok 3.11

 

 
Вонредната седница на Совет на општина Неготино 18.12.2020 година PDF Печати
   Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                               Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  шеснаесеттата  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 18.12.2020 година ( петок ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

                               Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино
2.    Предлог- Решение за формирање Совет за социјална заштита за подрачјето на општина Неготино
3.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
4.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош


        Бр.08-636/1                                          Совет на општина Неготино
    15.12.2020 година                                          П р е т с е д а т е л,
                                                                             Диме Витанов



    
 
О Д Л У К А За избор на кандидат за вработување на административен службеник по пат на јавен оглас PDF Печати
О Д Л У К А
За избор на кандидат за вработување на административен службеник по пат на јавен оглас 
 
До 31 декември ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Печати

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 31 декември 2020 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 25.11.2020 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

                                      Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на петнаесетaтта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 26.11.2020 година ( четврток ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

                                        Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за користење на средства од постојаната и тековна резерва од Буџетот на општина Неготино  

2.    Предлог – Одлука за доделување финансиски средства
 
Известување од ЈП „ Комуналец “ Неготино PDF Печати
Ги известуваме сите граѓани кои живеат на улиците : „ЈНА“, „Марксова “ „25 Мај “, „ Кирил и Методиј“,„ Борис Кидриќ “, „ Пиринска “, „ Вардарска “, „ Ѓоко Мишев “ ,  „  Вано Ташев “, „ Вељко Влаховиќ “, „ Едвард Кардељ“ , „ Илинденска “ и дел од „ Ќиро Крстев “ дека поради дефект на улична водоводна линија денес 23.11.2020 (понеделник) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето се до санирање на дефектот.
Молиме на разбирање !!!
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 34