Соопштенија
До 31 март ќе се реализира гаѓање на Армискиот полигон Криволак PDF Печати

  Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 31 март на повеќе реони на полигонот ќе се извршуваат гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Седница на Совет на општина Неготино 26.02.2021 година PDF Печати
  Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од  Статутот  на  општина  Неготино   (,, Сл.гласник  на  општина  Неготино   брr.3/06, 2/11,  9/11,  16/12  и  16/14,  13/20)  и  член    57  став  1  од  Деловникот  на  општина  Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина  Неготино  ја свикува     четериесет и  шесттата      редовна седница на  Советот на  општина
Неготино.    Седницата  ќе  се  одржи  онлајн    на  зоом  платформата    на  ден  26.02.2021  година   (петок) во  12,00 часот.
  За седницата го предлагам следниот  

 
                            Д Н Е В Е Н   Р Е Д  
 
1.  Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година
2.  Предлог-  Одлука за за давање на користење на недвижност  
3.  Предлог-  Одлука  за  за  преотстапување  на  2  моторцикли  ВЕСПА  на  АД ВОДОСТОПАНСТВО на РСМ  
4.  Предлог-  Одлука  за  отпочнување  на  активности  за  ажурирање  на  Процената  на загрозеност  на  подрачјето  на  општина  Неготино  за  2021  година,  од  сите  ризици  и
опасности   
5.  Предлог-  Одлука  за  утврдување  на  потребата  од  донесување  на  урбанистичка
планска  документација  за  вклопување  на  бесправно  изградени  објекти  во урбанистичко планска документација  
6.  Предлог – Решение за именување на член на УО на ООУ „Гоце Делчев“ Неготино     
7.  Предлог-  Заклучок  за  усвојување  на  Акцинен  план  за  енергетска  ефикасност  на општина Неготино за 2021 година    
8.  Предлог –  Заклучок за  усвојување на Годишната  извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „ Неготино “ Неготино    
9.  Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета
ДУП за урбана единица  6, дел од блок 19, општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на северозападната страна е    улица „Пекарев“,  на исток  улица  „Јане Сандански“  и на југозападната страна е   улица  „Ацо Аџи Илов “.
Опфатот е со површина  од  1,17 ха.
Повторната јавната анкета и јавната презентација по ДУП за урбана единица  6, дел од блок 19, општина Неготино, со технички број    03-230/16 од февруари, 2021 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  26.02.2021 година  до 04.03.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2021 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.

UZ_6_BLOK 19
 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Печати

  Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2021 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино


1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција.

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации PDF Печати

Врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година (Сл. Гласник на општина Неготино), Општина Неготино објавува
ЈАВЕН ПОВИК
 за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации


Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, Програма A0-Совет на општина, ставка 463110 – Трансфери до здруженија на граѓани и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ“, 130/07) и врз основа на Програмата  на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година и критериумите и приоритетите дадени во овој повик.
Видот на проектите кои ќе бидат поддржани  

Повеќе...
 
До 28 февруари ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Печати

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 28 февруари 2021 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог - ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Негот PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог - ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино



Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Маршал Тито”, на запад улица ,,Борис Кидрич" и ,,ЈНА", на југ, улица ,,Едвард Кардељ" и ,,Киро Крстев" и на исток ,,Ѓорѓи Димитров Вешката" и крак на улица ,, Маршал Тито”.
Опфатот е со површина  од  4,8 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог- ДУП за урбана единица 4, дел од блок 13, (помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“), општина Неготино со технички број  55/18 од  февруари  2021 година , изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  дооел Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  10.02.2021 година  до 16.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.02.2021 година  во  09:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP UE4 - Negotino 02.2021

 

 
Вонредната седница на Совет на општина Неготино 05.02.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  осумнаесеттата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата  на ден 05.02.2021 година ( петок ) во 11 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог-  Заклучок за усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во општина Неготино
2.    Предлог – Одлука за отпис на застарени обврски во Буџетот на општина Неготино за 2020
3.    Предлог- Решение за одобрување на финансиски средства   
 
О Б Ј А В А Брoj 1 / 2021 за издавање под закуп на урбана опрема по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ (прва објава) PDF Печати


Врз основа на член 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ број 78/15, 106/15 и 153/15“) и Одлука на Совет на Општина Неготино бр.08-46/5 од 15.01.2021 година („Сл. Гласник на Општина Неготино“ бр.1/21) за издавање под закуп на урбана опрема, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари на општина Неготино, објавува:

О Б Ј А В А  
Брoj 1 / 2021
за издавање под закуп на урбана опрема по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  
(прва објава)

Бр. 11-63/1
од 01.02.2021 година


1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на урбана опрема-куќички за продажба на вино, мед, сувенири и др.(бр.1,2,3), поставени на градски плоштад во Неготино, сопственост на општина Неготино врз основа на Одобрение за поставување на урбана опрема УП бр.11-498 од 19.10.2018 година и Киоск во склоп на автобуска постројка, поставен на ул.Маршал Тито, спроти општинската зграда на град Неготино, сопственост на општина Неготино, врз основа на Одобрение за поставување на урбана опрема УП бр.11-544 од 27.11.2018 година,
Урбаната опрема се издава под закуп согласно Одлука на Совет на општина Неготино бр. 08-46/5 од 15.01.2021 година („Сл. Гласник на Општина Неготино“ бр. 1/21) за издавање под закуп на урбана опрема сопственост на општина Неготино за времетраење од пет години од денот на потпишувањето на Договорот за закуп со најповолниот понудувач.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за ДУП за УЕ 5 дел од блок 16 (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев), КО Неготино, Општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


            С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за ДУП за УЕ  5 дел од блок 16  (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев),   КО Неготино, Општина Неготино


Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица ,, Тимјаничка”, на запад улица "8-ми Ноември" и на исток, улица ,,Киро Крстев"
Опфатот е со површина  од  2,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за ДУП за УЕ  5 дел од блок 16  (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев), КО Неготино, Општина Неготино  со технички број  03-47/15 од  јануари 2020 година, е изработен од ДООЕЛ ,,НИМАЕР”  Струга д.е Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Повтотната Јавна  анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  03.02.2021 година  до 09.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.02.2021 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

UZ5_DEL OD B16.pdf

 
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 5 дел од блок 16, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац) PDF Печати
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                               С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Детален урбанистички план за урбана единица 5  дел од блок 16, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац)


Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица Ида Бенчиќ”, на запад улица "Браќа Миладиновци" и на исток, улица ,,8 Ноември".
Опфатот е со површина  од  1,71 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Детален урбанистички план за урбана единица 5  дел од блок 16, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац), изработен од  ДООЕЛ „НИМАЕР“  -Струга  д.е. Скопје, со технички број 03-46/15 од  јануари 2021 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  03.02.2021 година  до 09.02.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.02.2021 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 34