Соопштенија
Ј А В Е Н П О В И К за формирање на Совет за превенција на детско престапништво PDF Print
There are no translations available.

 Врз основа на член 158 од Законот за правда за децата („ Службен весник на Република Македонија“ број 148/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 152/19 и 275/19), Градоначалникот на Општина Неготино објавува

                                        Ј А В Е Н    П О В И К
за формирање на Совет за превенција на детско престапништво

 Се повикуваат Министерството за внатрешни работи – ОВР Неготино, Министерството за труд и социјална политика – МЦСР Неготино, советот на родители на основните училшта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ Неготино и советот на СОУ „ СВ. Кирил и Методиј “ Неготино , Унијата на средношколци,  Адвокатската заедница на Општина Неготино, здруженијата и фондациите на територијата на општина Неготино кои работат на проблематика со детско престапништво, ОЈО Кавадарци , Основен суд – Неготино , да номинираат лице за член во Советот за превенција на детско престапништво.

 Номинацијата на лицето со кратка биографија да биде доставена во рок од 8 дена од денот на објавувањето на јавниот повик ( 10.02.2022 година ) на официјалниот емаил на општината This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , преку архивата на општина Неготино или по пошта на адреса улица „ Ацо Аџи Илов “ бр.2 Неготино.

 
 
Јавна расправа за отворање нови работни места преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Се известува јавноста од нашата општина дека на ден 09.02.2022 година (среда) со почеток од 18,30 часот во салата за состаноци на општина Неготино ќе се одржи јавна трибина на која ќе се расправа по проектот „Стимулација за инвеститори“. Имено, општина Неготино започна постапка за донесување Правилник со кој ќе се утврдуваат мерките и критериумите за стимулација на инвестиции, односно изградба на нови и проширување на постоечките стопанско-индустриски капацитети. Основната цел на проектот „Стимулации за инвеститори“ е отворање на нови работни места во општина Неготино преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси.

ПРАВИЛНИК

 
Во чест на Свети Трифун ќе се избираат најдобри вина и ракии од индивидуални производители PDF Print
There are no translations available.

   Во чест на верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на на лозјата, општина Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози, а општина Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди. Се информираат сите заинтересирани производители на вина и ракии дека мострите од бели и црвени вина и ракии од реколтата 2021 година во два примероци можат да ги доставуваат секој работен ден од 08 до 15 часот до четврток 10.02.2022 година кај лицето Дени Трајков на трети спрат во зградата на општината, а поблиски информации можат да добијат и на тел,број 078-822-292.
 
Повик за поднесување на понуди Втор проект за подобрување на општинските услуги - МСИП2 PDF Print
There are no translations available.

Повик за поднесување на понуди
Република Северна Македонија
Втор проект за подобрување на општинските услуги - МСИП2

                                                              MSIP2-SIG-NCB-037-22

1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена  електронски на 04 август, 2016 година.

2.    Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втор проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој заем да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на улица во с.Куријa, Општина Неготино.

3.    Општина Неготино ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат,
 Изградба на улица во с.Курија, Општина Неготино

4.  Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
5.   Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:
Општина Неготино
Адреса: Ацо Аџи Илов бр.2
Град: Неготино
Поштенски број: 1440
Држава: Република Северна Македонија
Телефон: 043/361-045
Е маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

6. Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:
Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка 100 000000063095
Сметка на корисник – 748014059263015
Приходна шифра и програма -725939 00    

7. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Неготино со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.

8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 10:00ч, 15.02.2022. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 10:15ч, 15.02.2022.

9.       Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 200.000,00 МКД.
10.      Општина Неготино
Адреса: ул„Ацо Аџи Илов“бр.2
Град: Неготино
Поштенски број: 1440
Држава: Република Македонија
Телефон: 043/361-045
Е маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 20.12.2021 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  третатта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 20.12.2021 година ( понеделник  )  во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода суша што ја зафати општина Неготино во периодот март - септември 2021 година


2.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 
До 20-ти декември ќе се реализира обука и гаѓање на Армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 20-ти декември 2021 година на повеќе реони на полигонот ќе се реализира обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно со законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. 
 
Седница на Совет на општина Неготино 29.11.2021 година PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на член  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на Општина Неготино  ( ,, Сл.гласник на Општина Неготино  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) член  57 став 1 од Деловникот на Oпштина Неготино („ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува третата редовна седница на Советот на Општина Неготино.
    
   Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.11.2021 година   ( понеделник ) во  14:30 часот.
    
       За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на Записник од 2 ( втора) редовна седница на Совет на општина Неготино

2.    Усвојување на Записник од 2 ( втора ) вонредна  седница на Совет на општина Неготино


3.    Предлог – Решение за именување на член на Училишниот одбор на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино

4.    Предлог – Решение за именување на членови на Училишниот одбор на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино

5.    Предлог - Решение за именување на член на Управниот одбор на Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино


6.    Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на Отворен граѓански универзитет „ Неготино “ Неготино

7.    Предлог – Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈП „ Паркинзи “ Неготино

8.    Предлог - Решение за разрешување и именување на членови на Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на  ЈП „ Паркинзи “ Неготино

9.    Предлог – Решение за именување на членови на Управен одбор на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино

10.    Предлог – Решение за именување на членови на Управен одбор на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино

11.    Предлог – Решение за именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино

12.    Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино

13.     Предлог- Одлука за измена и дополнување на одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги МСИП


14.    Предлог- Одлука за реализација на грант-проект на општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2)


15.    Предлог – Одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Неготино за 2021 година

16.    Предлог – Одлука за давање согласност на годишен план за вработување за 2022 година на ЈП „ Паркинзи “ Неготино

17.    Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работењето на       ЈП „ Паркинзи  Неготино “ Неготино за периодот 15.01.2021 – 30.09.2021 година

18.    Предлог - Одлука за задолжување за плаќање на комунална такса за јавно осветлување на куќи и други објекти со електричните броила во село с. Горни Дисан општина Неготино

19.     Предлог – Одлука за оттуѓување на арматура од стари светилки
во сопственост на Општина Неготино

20.      Предлог – Решение  за определување на членови на Советот на Општина Неготино за учество во склучување на бракови на подрачјето на општина Неготино

21.    Предлог – Решение за ослободување од партиципација на 15 деца Роми за учебната 2021/2022 година во ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино

22.     Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
 
Ј А В Е Н П О В И К за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Деталниот урбанистички план за Урбана единица 2 дел од блок 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

Ј А В Е Н    П О В И К
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Нацрт- Деталниот  урбанистички план  за Урбана единица 2 дел од блок 6   (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино  

    Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Деталниот  урбанистички план  за Урбана единица 2 дел од блок 6   (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино .
Опфатот е со површина  од  1,74 ха.

Граници на опфатот сe:
на север, запад и југ е улица „Васка Калајџиска“,
на  исток улица „Гоце Делчев“ и
на југоисток ул. „Димче Мирчев“.  
          
Јавна анкета

Јавната анкета за Нацрт- Деталниот  урбанистички план  за Урбана единица 2 дел од блок 6   (помеѓу улица „Гоце Делчев“ и улица „Васка Калајџиска“), општина Неготино  со тех. бр. 04-02/2021 од  октомври, 2021 година, ТДПИГК „ПАРАМЕТАР “ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.


Јавната анкета ќе трае 30  (триесет) денови и тоа од  06.12.2021 година  до 04.01.2022 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

Јавна презентација

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 17.12.2021 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP za UE 2.6

Mapa so granici na planski opfat


 

 
Седница на Совет на општина Неготино 15.11.2021 година PDF Print
There are no translations available.

 Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14и 13/20 ) член  57 став 1 од Деловникот на Oпштина Неготино („ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува втората  редовна седница на Советот на Општина Неготино.
    
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.11.2021 година   ( понеделник ) во  12,00 часот.
    
За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на Записник од 1 ( првата) редовна седница на Совет на општина Неготино

2.    Усвојување на Записник од 1 ( првата) вонредна  седница на Совет на општина Неготино

3.    Предлог – Програма за измена и дополнување на програмата за комунални дејности уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2021 година

4.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на Општина Неготино за 2021 година

5.    Предлог- Програма за изменување и дополнувањље на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2021 година

6.    Предлог – Програма за  измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на  просторот на општина Неготино  за 2021  година

7.    Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество на Општина Неготино во проект за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година

8.    Предлог - Одлука за утврдување  на нацрт план ДЕТАЛЕН  УРБАНИСТИЧКИ  ПЛАН  ЗА УРБАНА ЕДИНИЦА 2 ДЕЛ ОД БЛОК 6 (помеѓу улица „Гоце Делчев “ и улица „Васка Калајџиска“) Општина Неготино

9.    Предлог- Одлука за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во Општина Неготино

10.    Предлог – Одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Неготино за 2021 година

11.    Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Неготино за 2021 година

12.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење                  „ НЕГОТИНО “ – Неготино за 2022 година

13.    Предлог – Заклучок за усвојување на извештајот за финансиско работење на ЈП „ Комуналец “ Неготино од 01.01.2021 до 30.09.2021 година
 
Четврток ќе биде приемен ден за граѓаните на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов ја информира пошироката јавност дека негов приемен ден за граѓаните ќе биде секој четврток во периодот од 09,00 до 12,00 часот кога секој што е заинтересиран за тоа, ќе може оствари средба со првиот човек на општината. Пријавувањето за прием кај градоначалникот ќе се врши на приземјето во зградата на општина Неготино. Се апелира до сите кои ќе остваруваат средба со градоначалникот Стојанов да ги почитуваат пропишаните здравствени мерки од корона вирусот.

 
До 30 ноември 2021г. ќе се реализираат обука и гаѓања на Армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

  Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30 ноември, оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се реализираат обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изврѓуваат планиранитеактивности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 4 of 34