ЛЕР и јавни дејности
ПОКАНА ЗА ПОНУДА Реф.1 05-31/5 Проект ,,wine-up” PDF Print
There are no translations available.

ПОКАНА ЗА ПОНУДА
Реф.1 05-31/5
Проект ,,wine-up”
Согласно одлуката на градоначалникот на општина Неготино бр.05-31/5 од 05.01.2022 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од јавна набавка од УСЛУГИ за  експертиза за подготовка на тендерска документација и за  проектен менаџер за имплементација на проектот за Проектот,,Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” или ,,Enhancing the cross border wine experience for local development” со акроним, WINE –UP”,, согласно Договорот за грант број wine-up –CN2-SO1.3-SC052 од 08.10.2020 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The Republic of North Macedonia”,.По спроведеното истражување општина Неготино достави покани до заинтересирани страни кои пројавија интерес. Покрај тоа од општина Неготино објавуваме ПОКАНАЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ(ПРАГ).
Истата е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино - Канцеларија за локален економски развој  на 3 ти спрат во општина Неготино од 08:00 -16:00 часот, почнувајќи од 17.01.2022. Доколку сте заинтересирани истата може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на цд.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 28.01.2022 (петок) до 12 :00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.
Општина Неготино тендерската документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата : http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/.

INVITATION 05-31.pdf

1 - Instructions to tenderers.doc
2 - Tender submission form.doc 

3 - Contract (draft).doc

 a14_declaration_honour_en.doc

 
Се одржа јавна расправа по одлуката за долгорочно задолжување од Светска банка PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино на 29.12.2020 година ја организираше Јавната расправа за донесување на Одлука за долгорочно задолжување во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (втор МСИП) предвидени со компонентата А – општински инвестиции кои се доделуваат на општините како заеми наменети за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги. Со проектот предвидена е реконструкција на улиците Вељко Влаховиќ, Енгелсова, Пиринска, Првомајска, Тиквешка, Вардарска, Ѓоко Мишев, Вано Ташев и дел од ул. Марксова со проценета инвестициска вредност од 19.893.030 денари. Целта на јавната расправа беше информирање на јавноста за приоритетноста на проектпт и начинот на негово финансирање. На расправата која се одржа во Центарот за култура во Неготино присуствуваа заинтересирани граѓани, претставници на субјекти и на јавни претпријатија, а проектот кој е финансисран со заем од Светска банка беше образложен од страна на претставник од општина Неготино.

 
Увид на градежните активности во рамки на потпроектот „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, заедно со раководителот на сектор за соработка  на делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини ,претставници на Владата на РСМ , Мила Царовска ,Трајан Димковски , директорот на ПЛРК Антонија Шишак, денес направија увид на градежните активности кои се спроведуваат во општината, а  се во рамки на потпроектот – „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ и финансирани преку Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност ( ПЛРК ).
ПЛРК е финансиран со грант од Инструментот за претпристапна помош 2 на ЕУ ( ИПА 2) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија, а се администрира од страна на Светска банка.
Овој проект спаѓа во категоријата на мали проекти каде се предвидени следните активности: партерно уредување на патеки во постоен пчелен парк во с. Вешје, реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во современ Апи центар во с. Вешје, уредување на постојни жардиниери во нови модерни, набавка и поставување на урбана опрема 30 клупи, 30 корпи за отпадоци и 40 контејнери и едукација со флаери за класификација и селекција на отпад, надградба на постоечкиот мултифункционален туристички објект Желкова куќа во централно градско подрачје преку набавка, уредување и опремување „ Винска архива “ во подрумскиот дел од објектот Желкова куќа, надградба, надополнување на централно градско подрачје преку набавка и поставување на саемска и манифестациска опрема односно 3 куќички, 2 тенди, 100 монтажни столици и реконструкција на постоечка бина, поставување и одржување на Инфо тач постојка, обележување и сигнализација со поставување на 2 информативни табли и 20 патокази и поставување и изработка на конструкција за садење на лози.
Со комплетната реализација на проектот се предвидува разубавување и овозможување на поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и поставување на автентични обележја, односно општина во која туризмот ќе има голем придонес во локалниот економски развој.
 
Read more...
 
Во тек се активности во рамки на ПЛРК под проект „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ PDF Print
There are no translations available.

Во рамки на проектот ПЛРК под проект „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ во тек се активности  за разубавување и овозможување поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции како и поставување автентични обележја.
Имено на градскиот плоштад во тек е изградба на летниковец со лозов насад и други автентични обележја, поставување на монтажни куќички за продажба на локални производи, а се врши и уредување на подрумскиот дел од ТИЦ „ Желкова куќа “ во т.н. винска архива.
Под проектот е финансиран од ЕУ и администриран преку Светска Банка.
Read more...
 
Во тек се градежни активности за реконструкција на старата училишна зграда во с. Вешје PDF Print
There are no translations available.

   Отпочнати се градежни активности за комплетна  реконструкција и адаптација на старата училишна зграда и партерно уредување на дворот во село Вешје. Планирано е објектот да прерасне во современ едукативен и туристички т.н. АПИ центар за развој на пчеларството.  Со ова ќе се збогати туристичката понуда на општина Неготино преку едукативни АПИ и рекреативни активности и ќе се овозможи промоција на локалните производи.
Реконструкцијата е во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ( ПЛРК ) – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.
Read more...
 
Проект: ЕНПОЛ –ЕЕ СОУ,,Св. Кирил и Методиј” Неготино PDF Print
There are no translations available.

http://kirilimetodij.edu.mk/2018/12/12/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%b5%d0%bd%d0%bf%d0%be%d0%bb-%d0%b5%d0%b5/

 
Одржан семинар - Менаџирање со информациони системи “ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција PDF Print
There are no translations available.

   За целите на двата проекти кои општина Неготино ги имплементира,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина”-,,wa-mbrella” и проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,,-,,енпол-ее,, на ден 27.11.2018   во Солун-Република Грција беше одржан  информативен семинар за Менаџирање со информационен  системи организиран од Заедничкиот  секретаријат   за “ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Семинарот опфати неколку теми:
- МИС општ опис на системот
- Регистрирање на корисникот и сметковотствено менаџирање ,
- Веб портал презентација,
-Работна средина & МИС Генерални операции,
- Процедура за  Аплицирање на проектни предлози
- Одобрување на поднесената Апликациона форма
- Мониторинг процедура на проектот –Фаза А
- Процедури за проектен мониторинг  
Присуството на овој настан беше искористено за  остварување на договорни средби помеѓу менаџерските тимови на проектните партнери за  проектот ,,wa-mbrella,, и,,енпол-ее,,  од општина Неготино со надворешниот консултант за општините Алмопиа и Пела како прекугранични и водечки партнери во проектите.Во разговорите беа дискутирани клучните активности за суштинско имплементирање на проектот.
Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 3 of 21
Banner

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Banner

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

We have 5 guests online