Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година за прв пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2012. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Првенството ќе започне на 25 мај (петок) во 17.00 часот, а истото ќе го отвори покровителот на ова случување – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на ГШК Неготино Трајче Недев, на тел. Број 075/416-496, надоцна до 25 мај (петок) до 13.00 часот. |
Повеќе...
|
Во организација на Општина Неготино, а во соработка со детската градинака “Фемо Кулаков” – клон “Мајски Цвет” и клон “Пролет”, двете основни училишта, средното училиште “Св. Кирил и Методиј” и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”, оваа година на 2 Април (понеделник) се одржа традиционалниот маскенбал по повод Денот на шегата. Масовното учество на најмладите наши сограѓани, поддржано со учеството на учениците од основните и средното училиште низ фотографии... |
Повеќе...
|
На 29 март во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино беше изведена театарската претстава “Кара Дончо” во изведба на Народниот театар од Штип. Ова беше втората од двете претстави со кои општина Неготино го одбележа Светскиот ден на театарот 27 март. Претходно, на 27 март аматерскоит театар од Демир Капија се претстави со комедијата “Не шетај гола”. |
Вчеравечер во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино беше изведена урнебесната комедија “Не шетај гола” во изведба на аматерскиот театар од Демир Капија. Претставата беше посетена од голем број на љубители на театарот од сите генерации. Салата во Центарот за култура, која што инаку е со капацитет од околу 300 седишта, беше претесна да ги собере сите граѓани кои дојдоа да ја видат претставата. “Не шетај гола” е првата од двете претстави со кои општина Неготино во рамките на Програмата за култура, а во соработка со Центаро за култура “Ацо Ѓорчев”, го одбележува Светскиот ден на театарот – 27 март. Инаку, Програмата за култура на општина Неготино покрај повеќе театарски претстави, оваа година вклучува богат спектар на културни настани: концерти, изложби, перформанси, филмски проекции, колонии, итн., со чија реализација општината прави напори да ја доближи културата до граѓаните и да даде силен импулс за нејзин развој како еден од најважните сегменти на општественото живеење во една урбана средина. Втората претстава со наслов “Кара Дончо” е во изведба на народниот театар од Штип и ќе биде изведена во четврток 29 март во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” со почеток од 19 часот. Ова е уште една одлична можност за вљубениците во театарот од Неготино и Тиквешијата да погледнат уште една одлична театарска комедија. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 8 од 11 |