Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран 2013”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 22 август (четврток) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде реализирана изложбата на слики на сликарот Велика Глигорова, на 23 август (петок) од 20.30 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава “Живеј дур си млад” во изведба на театарот Крсте Петков Мисирков од Свети Николе, а на 30 август (петок) во 20.30 часот концерт ќе одржи Кристина Палија (соло). Претходно, во првата фаза од манифестацијата во месец јули беше прикажана Ревија на македонски филмови на режисерот Столе Попов” во која беа содржани 4 наслови од македонската кинематографија, односно култните филмови: “Црвениот коњ”, “Џипси меџик”, “Среќна нова ‘49” и “Тетовирање”. |
Повеќе...
|
Во рамките на шестото издание на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура, од 24 до 27 јули со почеток од 20.30 часот во кино салата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажана Ревија на македонски филмови од режисерот Столе Попов, односно по денови: Среда, 24 јули ЦРВЕНИОТ КОЊ Четврток, 25 јули ЏИПСИ МЕЏИК Петок, 26 јули СРЕЌНА НОВА ‘49 Сабота, 27 јули ТЕТОВИРАЊЕ Во рамките на истата манифестација на 30 јули (вторник) со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во изведба на аматерскиот театар при Центарот за култура ќе биде изведена урнебесната комедија “Сомнително лице” од Бранислав Нушиќ. Општина Неготино е меѓу 29-те општини во државата во која што Министерството за култура ја поддржа оваа манифестација, која ќе продолжи и во месец август, со реализација на следните културни настани: - 22 август, со почеток од 21 часот на градскиот плоштад концерт ќе одржат фолклорниот ансамбл “Ацо Ѓорчев” и пеачката група “Лира”; - 28 август, во ликовната галерија “Арт” со почеток од 20.30 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на сликарот Велика Глигорова; - 30 август, со почеток од 20.30 часот во Центарот за култура, концерт на класична музика ќе одржи Кристина Палија, соло. |
Повеќе...
|
Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за поддршка на проекти од национален интерес во културата. Проектите пријавени на Конкурсот, за да бидат поддржани од Министерството за култура како проекти од национален интерес за културата на Република Македонија, треба да исполнуваат најмалку еден од општите критериуми и најмалку еден од посебните критериуми по одделни дејности и области во културата во согласност со Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2011). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk). На Конкурсот може да учествуваат: уметници, самостојни уметници, приватни установи, локални установи, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и со другите позитивни законски прописи во Република Македонија. Конкурсот е отворен до 7 јули 2013 година. Повеќе информации и пријави за аплицирање можете да најдете на http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/979-konkurs-za-finansiranje-proekti-od-naciomalen-interes-vo-kulturata-za-2014-godina |
Изминативе денови во просториите на Туристичкиот-инфорнмативен центар во организација на локалната самоуправа и Градскиот шаховски клуб по втор пат се одржа отвореното градско првенство на Неготино во шах на кое се натпреваруваа вкупно 26 учесници. По одигрувањето на натпреварите по Швајцарски систем, во исклучително силна и остра конкуренција првото место го освои Иле Ѓорѓиев, второпласирана беше Емилија Ларачеа, третото место му припадна на Санде Атанасов, четрвти беше Тони Лазов, додека напетто место се пласираше Душко Јанев. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 17.000 денари- средства кои на учесниците им беа распределени во зависност од остварениот пласман. Наградите на најуспешните им ги додели покровителот на турнирот – градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој најави дека со оглед на континуираното зголемување на бројот на пријавените учесници и квалитетот на прикажаните игри, повеќе од сигурно е дека и наредната година Градското првенство на Неготино во шах повторно ќе биде организирано од страна на локалната самоуправа. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 5 од 11 |