Од рудни богатства на територијата на општина Неготино се наоѓа наоѓалиште на јаглен на површина од 60 км2. Позначјни површински водотеци во општина Неготино се: Војшаничка, Тимјаничка река, Курјачка река, река Дошница, река Бошавица и река Вардар која поминува низ општина Неготино. Од животинскиот свет може да се сретнат: дивата свиња, дивиот зајак, срната, волкот, лисицата, еребицата, дивата пајка и дриги помалку застапени видови.
Покрај реката Вардар се застапени врбата, тополите и некои видови грмушки, додека на повисоките места се сретнуваат дабот, буката, габерот и јасенот. Шумските производите кои се добиваат од дрвото како што се: смола, лико, плута, плодови, семе, лист, мов и др.,како и другите шумски производи: лековити и индустриски растенија, шумски плодови, габи, трева се користат односно собираат неконтролиран и доста стихиен начин.
Неорганските ресурси како што се каменот, песокот, глината и тресетот исто така се експлоатираат на неорганизиран и стихиен начин. Повеќе излетнички места се наоѓаат во општина Неготино, а како најомилено може да се издвои манастирот Св Ѓорѓија.
Во општина Неготино постојат пет ловишта и едно ловно друштво кое има околу 330 членови. Најчесто во општината се ловат следните видови дивеч: див зајак, еребица, гулаб-гривнаш, како дива свиња и лисица.
Во општина Неготино риболовни места се реките Вардар и Дошница кои располагаат со рибен фонд од следниве видови на риба: сом, крап, мрена, клен и белвица.
|