Првиот шаховски клуб во градот Неготино е формиран во далечната 1938 година, по иницијатива на големиот играч и вљубеник во шахот - неготинецот Пане Станински Џекот. Се до 2003 година клубот го носи името на првоборецот Манчо Малиминов, кога е формиран сегашниот нов рекреативен шаховски клуб, познат под името Градски Шаховски клуб “Неготино”.
Шаховските ентизијасти кои од формирањето на ГШК “Неготино” во 2003 година, па до денес, раководат со клубот и ја сочинуваат неговата Управа се: Јордан Шијаков, Трајче Недев, Владимир Пасинечки, Ѓоко Павлов и други. Најдобри резултати на клубот се настапите во најдобрата Прва Македонска шаховска лига и Купот на Македонија, додека во тековната сезона 2009/2010 клубот се натпреварува во Втората Македонска шаховска лига. ГШК “Неготино” го даде и еден од најуспешните шахисти и воопшто спортисти од Неготино - Велемајсторот Трајче Недев, кој од 1994 година е Велемајстор и постојан член на Македонската шаховска репрезентација. Велемајсторот Трајче Недев, кој денес е тренер и претседател на ГШК “Неготино” во 1997 година е прогласен за најдобар спортист на векот за постигнатите успеси во шахот. |