Во рамките на реализацијата на традиционалната манифестација Топол културен бран 2014, за неготинската и пошироката јавност во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ – Неготино во деновите од 27-ми до 31-ви август ќе бидат изложени капитални дела од колекцијата „Sвезди на светската книжевност“. Како што информираше директорката Катарина Данаилова, станува збор за колекција која претставува една од најзначајните цивилизациски придобивки, со што пак македонскиот духовен простор се збогатува со врвните остварувања од светската книжевна ризница. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата и на најдиректен начин да се запознаат со изложените дела кои се составен дел од колекцијата.
|