КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеКлима |
Територијата на општината Неготино како дел од областа Тиквеш и Повардарие е под влијаније на медитеранската клима, која продира од југ преку Демиркаписката клисура и на континенталната клима, која продира од север преку Велешката котлина. Климата се карактеризира со: - просечна температура на воздух 13.5О Ц, - средна летна температура 24.7 ОЦ, - средна зимска температура 3.1ОЦ, - број на денови со температура под 0 ОЦ– 58 и температурна амплитуда 58.6ОЦ. Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од –1.4˚Ц, додека најтопли месеци се јули и август. Ова подрачје се карактеризира со многу мали количества врнежи, кое на годишно ниво просечно изнесува 450мм/м2. Просечна влажност 67%. Просечно годишно траење на сончевото зрачење изнесува 2230 часа. Најчести ветрови на овој простор се север и северо-западниот ветар. |