ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ НЕГОТИНО И ЧРНОМЕЉ PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и жупанот на општина Чрномељ –  Република Словенија како претставници на двете општини на пригодна свеченост во големата сала на општината го потпишаа. Договорот за меѓуопштинска соработка. Двете општини се договорија за започнување заедничка соработка со интерес за воспоставување на цврсти врски помеѓу општините и нивните жители со давање двостран придонес за меѓусебно запознавање, како и подобро разбирање и зближување.

 

 

 

Во смисла на начелата на соработката, беше потенцирана согласноста општините Неготино и Чрномељ да соработуваат на полето на стопанството, културата, спортот, туризмот, општествените дејности, како и на други полиња за кои ќе биде покажан интерес. Планирано е соработката да се одвива преку посети на делегации од двете општини, претставници на локалната самоуправа, стопанственици и разни организации, спортисти, културни работници, потоа со размена на искуства од повеќе нивоа, како и преку подготовка, аплицирање и реализација на заеднички проекти и меѓусебна помош при нивното спроведување, а кои се од заеднички интерес за граѓаните од двете општини. По официјалниот чин на потпишувањето на Договорот за меѓуопштинска соработка, првите луѓе на двете општини разменија пригодни подароци.