ЗАВРШИ ГРАДСКОТО ПРВЕНСТВО НА НЕГОТИНО ВО ШАХ PDF Print
There are no translations available.

   Изминативе денови во просториите на Туристичкиот-инфорнмативен центар во организација на локалната самоуправа и Градскиот шаховски клуб по втор пат се одржа отвореното градско првенство на Неготино во шах на кое се натпреваруваа вкупно 26 учесници. По одигрувањето на натпреварите по Швајцарски систем, во исклучително силна и остра конкуренција првото место го освои Иле Ѓорѓиев, второпласирана беше Емилија Ларачеа, третото место му припадна на Санде Атанасов, четрвти беше Тони Лазов, додека напетто место се пласираше Душко Јанев. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 17.000 денари- средства кои на учесниците им беа распределени во  зависност од остварениот пласман. Наградите на најуспешните им ги додели покровителот на турнирот – градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој најави дека со оглед на континуираното зголемување на бројот на пријавените учесници и квалитетот на прикажаните игри, повеќе од сигурно е дека и наредната година Градското првенство на Неготино во шах повторно ќе биде организирано од страна на локалната самоуправа.