Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеДо петок (21.10.) може да се поднесат кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември |
There are no translations available. Најдоцна до петок, 21 овој месец, до 16,00 часот до архивата на локалната самоуправа можат да се доставуваат предлози со кандидати за добитници на наградата, признанијата и признанието почесен граѓанин на Неготино по повод празникот 8-ми Ноември. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани на посебен формулар кој можат да го подигнат во архивата на ОН или да го симнат од општинската веб страница. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино, а наградите и признанијата на добитниците ќе им се доделат на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град. |