КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеВо Неготино ќе се одржи вториот Саем на социјални претпријатија во ВПР |
There are no translations available. Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион кој го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 6-ти овој месец (четврток) со почеток од 11ч. и на истиот сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на 20-тина социјални претпријатија од регионот и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување соодветна поддршка. Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани.
|