Седница на Совет на општина Неготино 29.09.2022 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа                     ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член  76 од Статутот на општина Неготино     ( „ Службен гласник на општина Неготино “   бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 16 ( шеснаесетатта )  редовна седница на Советот на општина Неготино.
    
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.09.2022  година ( четврток ) во  14:30   часот.
    
За седницата го предлагам следниот


                                                 Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 10 вонредна седница на Совет на Општина  Неготино        

2.    Усвојување на Записник од 11 вонредна седница на Совет на општина Неготино

3.    Предлог – Програма за  измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на  просторот на општина Неготино  за 2022  година

4.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема  на територијата на општина Неготино

5.    Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 5 дел од блок 17 ( помеѓу улиците „ Фемо Кулаков “ , „ 8 Ноември “ и „ Владо Арсов Шпанац “ ) општина Неготино

6.    Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 6 дел од блок 19 ( помеѓу улиците „ Ацо Аџи Илов “ , „ Јане Сандански “ и „ Христо Ботев “ ) општина Неготино

7.    Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план Детален урбанистички план за урбана единица 9 дел од блок 28 ( помеѓу улиците „Маршал Тито“, „Железничка“ и Автопат А1) Oпштина Неготино

8.    Предлог – Одлука за донесување на предлог урбанистички план за вон населено место за изградба на фотоволтаична електрана-површински соларни и фотоволтаични електрани до 10MW, на КП 264/4, дел од КП 264/5 и дел од КП 477 м.в Дубровско, КО Дуброво, општина Неготино

9.    Предлог – Одлука за утврдување на потребата од  донесување на урбанистичка планска документација за вклопување  на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација

10.     Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода град што ја зафати општина Неготино на 09 јуни 2022 година

11.     Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2022 година

12.     Предлог – Решение за финансирање на проекти на здруженија и фондации по јавен повик бр. 08-566/1 објавен на 10.08.2022 година

13.     Предлог – Одлука за усвојување  на  Извештајот  за работа за учебната 2021/2022 на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков  “ Неготино

14.      Предлог –Одлука за усвојување  на  Програмата за работа за учебната 2022/2023 на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино

15.     Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

16.    Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка

17.     Писмена информација за режимот на сообраќајот во населбата Саат Кула во Неготино

18.    Писмена информација за Проект за зајакнување на општинските совети – фаза 2  финансиран од ( УНДП и Швајцарска амбасада )






 
 

Финансиски индикатор