КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеДоделени наградите на првиот интернацинален театарски фестивал “Бранко Ѓорчев” |
There are no translations available. На вчерашното затварање на фестивалот “БРАНКО ЃОРЧЕВ“, кој се одржа во Неготино од 5 до 9 септември 2022 година., стручното жири во состав од Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска - драматург, ги додели следните награди: 1. Наградата за најдобро актерско остварување - најдобра машка улога за впечатлива актерска експресија со која создава поинаква драмска и сценска „атмосфера“ за секој толкуван лик, му припадна на актерот Тони Денковски за улогата во дуодрамата „Анатомија на неверството“ од НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска. 2. За најдобро актерско остварување – наградата за најдобра женска улога за силната актерска експресија, емотивност, убедливост и интелигенција во остварувањето, ѝ беше доделена на актерката Димитрина Мицкоска во дуодрамата „Грета“, на театарот „Златен Елец“ - Скопје, во режија на Тамара Стојаноска. 3. Наградата за најдобар актерски пар, кој оствари атмосфера на заедништво во промислена и прецизна актерската естетика, несебично и доследно градејќи целокупна сценска автентичност им беше доделена на Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов. 4. Специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз и припадна на дуодрамата “Мојот сопатник стравот” на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија. 5. Наградата Grand prix – за возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми, ја освои претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола, во режија на Иван Јерчиќ. Наградите на најдобрите актери и претстави на фестивалот им ги додели градоначалникот Горан Стојанов, а беа доделени и благодарници на спонзорите и помагателите на фестивалот.
|