По двегодишна пауза поради состојбите со пандемијата од Ковид-19, годинава продолжува традицијата на одржување на манифестацијата „Неготински панаѓур“. Истата ќе се одржи од 21 до 23 овој месец ( среда, четрвток и петок), а во моментов финишираат подготвките за непречено одржување на манифестацијата која привлекува голем број гости од општината, регионот на Тиквешијата, но и од цела држава. Согласно Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје, на последната седница на Советот на општина Неготино се донесе одлука за прибирање на понуди за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема на локации поделени во 6 зони со различна цена на чинење на корисната површина. Принципот на доделување на локациите е прв дојден-прв услужен, а со прибирање на понудите ќе се започне во петок на 16 овој месец со почеток од 10 часот. Сите потребни информации заинтересираните можат да ги добијат во општина Неготино секој работен ден од 08 до 16 часот или на општинската веб страница www.negotino.gov.mk
|