Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностНародниот театар од Битола го отвори првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев” |
There are no translations available. Синоќа (05.09.) во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” започна програмата на првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Извонредната претстава која што актерите на Народниот театар од Битола ја одиграа пред неготинската публика беше наградена со овации на крајот од претставата. По одличната увертира во фестивалот, денес на програмата на истиот се уште две претстави, две комедии, кои се надеваме ќе ги задоволат вкусовите на неготинската театарска публика.
Втората претстава вечерва е комедијата “Ожени ме” на театарот “Провокација” од Скопје. Истата ќе биде одиграна во новиот дел на Музејот на град Неготино (I кат) со почеток од 21.00 часот. Текстот според кој е работена оваа претстава е компилација од неколку американски актуелни серијали и филмови и е дополнтелно локализиран, со што се добива една многу приемчива претстава која одлично комуницира со публиката. Билетите за оваа претстава во предпродажба може да се набават во трафиката “Корзо” пред Центарот за култура, книжарницата “Бонига” (стара градска чаршија) и преку ONLINE билети: teatarprovokacija.mk и zlatenzab.mk.
|