Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено дете15 редовна седница на Советот на општина Неготино 07.09.2022 година ( среда) во 14.30 часот |
There are no translations available. Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 15 ( петнаесеттата ) редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 07.09.2022 година ( среда) во 14.30 часот. За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д 1.Усвојување на записник од 8 вонредна седница на Совет на Општина Неготино 2.Усвојување на Записник од 9 вонредна седница на Совет на општина Неготино 3. Предлог –Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица 4, дел од блок 13, ( помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“ ), општина Неготино 4.Предлог - Одлука за утврдување на нацрт план за ДУП за урбана единица 9 дел од блок 28 5.Предлог – Решение за измена на Решение за формирање на Општински Совет за социјална заштита на општина Неготино 6. Предлог- Одлука за утврдување на висината на надоместокот за користење на јавните површини за време на ,, Неготинскиот панаѓур,, 2022 година 7.Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансовото работење на ЈП “ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино за периодот 01.04.2022- 30.06.2022 година 8.Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за начинот и постапката за издавање на повластен паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата , бр. 02-275/6 од 19.08.2022 година на УО на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино 9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цени по зони за организирање на зонско паркирање во општина Неготино бр. 02-275/4 од 19.08.2022 година на УО на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино 10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за ослободување од плаќање на паркинг услуги на јавна површина бр. 02- 275/3 од 19.08.2022 година на УО на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино 11. Предлог – Решение за давање согласност на Извештај за работа за учебната 2021-2022 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино 12. Предлог- Решение за давање согласност на Програма за работа за учебната 2022-2023 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино за учебната 2022-2023 година 13. Предлог – Одлука за определување на заштитна зона на зафатите за водоснабдување 14. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства 15. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош |