Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (05.09-09.09.2022) е единствениот фестивал на ДУОДРАМА во Македонија, во организација на Општина Неготино и Театар Провокација - Скопје. Иницијатор и главен покровител на фестивалот е Општина Неготино. Фестивалот е дел од програмата на “СПОРТСКО-КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” кое започна на 15-ти јули а ќе трае до 24-ти септември. Концептот и логистиката на настанот се на „Театар Провокација“. Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодинешниот фестивал: Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед: 05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ „КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев Режија: Иван Јерчиќ Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола 06.09.2022 од 19:30 во КАФЕ БАР АМАРО „АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА - Скопје 06.09.2022 од 21:00 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО „ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“ Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје 07.09 од 19:30 во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете, Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје 08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ – Иван Томашевиќ Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ СЦЕНА МАСКА, Р. Србија 09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“ 19:30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ 20:00 STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)
|