JАВЕН ОГЛАС бр.1/2022 за вработување на 2 (два) - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18,  член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/2016), член 20 и член 21 став 2 од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино бр.06-6/1 од 31.03.2021 година, В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” на Општина Неготино , објавува:

JАВЕН ОГЛАС

бр.1/2022  за вработување на 2 (два) - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“


1.Контролор на паркирање
Шифра: KДР 03 05 Б02 050,  2 (два) даватели на услуги

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО  или  четири годишно средно образование ;

-    најмалку 2(две) години работно искуство во струката.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до сабота петок ;
-    работни часови неделно 40;
-    сменско работно време од понеделник до петок,  прва смена од 08:00 до 15:00 часот , втора смена од 15:00 до 22:00 часот  и сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Основната нето плата изнесува:  18.819,oo денари
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2022 година се македонец(ка) 2.

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.лични податоци на кандидатот;
2.податоци за исполнување на општите услови;
3.податоци за исполнување на посебните услови;
4.изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот;
5.дата на пријавување и потпис на кандидатот.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Пријавата може да се превземе од веб страницата на Општина Неготино www.negotino.gov.mk.
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на општина Неготино.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на податоците и доставените докази за јавниот оглас.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Огласот ќе се објави во дневниот весник  ,,Нова Македонија”, ,,Слободен Печат” и дневниот весник ,, Koha”.
    Рокот за пријавување да биде 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.     


Образец