КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеРаботилница за националната Стратегија за правата на лицата со попреченост (2023-2027) |
There are no translations available. По иницијативата на Владата и Министерството за труд и социјална политика за отпочнување процес за подготовка на националната Стратегија за правата на лицата со попреченост и одржаната национална работилница, започнаа дискусии во рамките на работните групи кои ќе бидат задолжени да предложат мерки и активности за вградување во самата стратегија. Имајќи предвид дека вклученоста на локалните заедници е од исклучително значење бидејќи сите услуги се испорачуваат на локално ниво, во Неготино се одржа работилница за стратегијата со цел да се слушнат гласот и мислењата на општината и локалните чинители од сите сектори. На работилницата свои обраќања имаа Наталија Спасовска од ГИЗ, Васка Бајрамовска-народен правобранител и Благородна Шопова од ЗЕЛС кои истакнаа дека резултатите од процесот ќе се темелат на придонесот на секој чинител, како и поставувањето на остварливи заеднички цели, што пак се очекува да придонесе за успешна реализација на имплементациската фаза која следува. Предлозите и сугестиите од работилницата ќе бидат сумирани и документирани и соодветно презентирани на наредните работни групи кои продолжуваат од септември.
|