Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностСекое дете заслужува да има семејство |
There are no translations available. Во присуство на претставници на Министерството за труд и социјална политика, претставници на СОС Детско село, локалната самоуправа и други во Неготино се реализираше кампањата „Подај рака и промени живот-стани згрижувач“ која има за цел да го промовира згрижувањето и да се направат напори што е можно поголем број граѓани да се стимулираат да станат згрижувачи на деца без родители. Во моето обраќање како градоначалник и во име на општина Неготино дадов безрезервна поддршка на иницијативата за градење на мрежа на згрижувачки семејства и достапни услуги во локалната заедница за сите. Ние како општина ќе дадеме соодветен придонес во идентификувањето на потенцијалните згрижувачи кои би обезбедиле грижа и заштита на децата без родители, а ќе се заложиме и да обезбедиме развој на систем на поддршка на други дополнителни социјални улсуги. Обраќање пред присутните имаа и претставници од ресорното Министерство на централни и локално ниво, од СОС Детското село и други и сите истакнаа дека настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани кои имаат потенцијал и желба да станат згрижувачи, со единствена цел нивниот број на локално и државно ниво драстично да се зголеми.
|