Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностНа 07.07.(четврток) во Неготино трибина „Подај рака и промени живот-стани згрижувач“ |
There are no translations available. Во организација на Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село денеска во Неготино со почеток од 18,30 часот на градскиот плоштад ќе се одржи трибина на тема „Подај рака и промени живот-стани згрижувач. На настанот се очекува претставници на ресорното Министерство и од СОС Детското село да го претстават овој проект за кој веќе 40-тина денови во повеќе градови во нашата држава се спроведува континуирана кампања. Истата има за цел да го промовира згрижувањето, односно да се поттикнат што е можно поголем број граѓани да станат згрижувачи на деца без родители, за да може секое дете да расте и да се развива во безбедно семејство опкружено и исполнето со љубов. На настанот можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе можат да добијат информации и да се запознаат како и под кои услови се станува згрижувач.
|