КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЈ А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа |
There are no translations available. Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Неготино, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 02.06.2022 година се објавува: Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Иновативни социјални услуги во пштина Неготино” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино. Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман. Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата . За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години) - млади лица до 29 години - лица постари од 50 години - невработенилицанакоиимпрестаналработниотодносвопериодотнаКоронавирусот COVID -19 -лица корисници на гарантирана минимална помош - лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност - лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа - жртви на семејно насилство -лица со попреченост - жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници - лица припадници на ромската етничка заедница - лица на кои им е решен статусот со лична документација - самохрани родители - родители на деца со пречки во развојот -родители на 3 и повеќе деца Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на : -Работно место 1: Неговател во градинка Позиции за работно место2: 3 Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: -Средно образование(средно медицинско,средно музичко,ликовно и фискултурно,општа гимназија - Лицето треба да е активен барател на работа Работно место 2 : неговател на стари лица Позиции за работно место3: 5 Потребни квалификации и занимања за Работно место 3 -Невработено лице со најмалку средно образование - Лицето треба да е активен барател на работа Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 06.06.2022 година до 15.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Елена Лазова, Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Весна Велјанова |