КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеВо чест на Свети Трифун ќе се избираат најдобри вина и ракии од индивидуални производители |
There are no translations available. Во чест на верскиот празник Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и кога симболично започнува закројувањето на на лозјата, општина Неготино ќе избира најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Дегустацијата и изборот на најквалитетните вина и ракии ќе ги врши стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози, а општина Неготино за најдобрите ќе обезбеди пригодни награди. Се информираат сите заинтересирани производители на вина и ракии дека мострите од бели и црвени вина и ракии од реколтата 2021 година во два примероци можат да ги доставуваат секој работен ден од 08 до 15 часот до четврток 10.02.2022 година кај лицето Дени Трајков на трети спрат во зградата на општината, а поблиски информации можат да добијат и на тел,број 078-822-292.
|