С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот – ДУП за  Урбана Единица 6, дел од Блок 20 и Урбана Единица 7, дел од Блок 21, (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“),  општина Неготино,  (ДУП  за  УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 7.2)



Граници на опфатот сe: на северосток, северозапад и запад  граничи со улица„Партизанска“, а на југоисточната страна со улица „Даме Груев“.
Опфатот е со површина  од  4,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  ДУП за  Урбана Единица 6, дел од Блок 20 и Урбана Единица 7, дел од Блок 21, (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“),  општина Неготино,  (ДУП  за  УРБАНА ЗАЕДНИЦА 7, ДЕЛ ОД УРБАН БЛОК 7.2) со технички број  број  56/18 од  март, 2021 година, изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“  ДООЕЛ  Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа од  25.03.2021 година  до 31.03.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  29.03.2021 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

Одржувањето на јавната презентација и анкета ќе се одржи согласно важечките прописи за заштита од вирусот Ковид-19, па според тоа кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното
растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

DUP UB 7.2 - Negotino 03.2021.pdf