There are no translations available.
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за ДУП за УЕ 5 дел од блок 16 (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев), КО Неготино, Општина Неготино
Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица ,, Тимјаничка”, на запад улица "8-ми Ноември" и на исток, улица ,,Киро Крстев" Опфатот е со површина од 2,69 ха. Јавната анкета и јавната презентација за ДУП за УЕ 5 дел од блок 16 (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац, ,,Тимјаничка, улица 8-ми Ноември и улица ,,Киро Крстев), КО Неготино, Општина Неготино со технички број 03-47/15 од јануари 2020 година, е изработен од ДООЕЛ ,,НИМАЕР” Струга д.е Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Повтотната Јавна анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 03.02.2021 година до 09.02.2021 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 05.02.2021 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. UZ5_DEL OD B16.pdf
|