С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог- ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2020 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за повторно организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог- ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“, „Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино

Граници на опфатот сe: на север по осовината на улица " Едвард Кардељ", на исток по осовината на улица „Енгелсова”, на југ по граница на катастарски парцели КП 9628/4 , КП 9615/21 и КП9615/20 и на запад е осовината на Обиколницата.

Опфатот е со површина  од  1,10 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  ДУП за урбана единицa 3, дел од блок 11 (помеѓу улиците „Едвард Кардељ“, „Енгелсова“,„Македонски Бранители и Обиколница), општина Неготино со технички број  04-53/2020 од  декември, 2020 година, е изработен од Трговско друштво за проектирање инженеринг градба и консалтинг ПАРАМЕТАР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  22.12.2020 година  до 28.12.2020 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 23.12.2020 година  во  14:00 часот во просториите на општина Неготино.

DUP za UZ3 del od blok 3.11