КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеНеготинска вечер (19 септември) и Традиционален неготински панаѓур (21-23 септември) |
There are no translations available. Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот „Неготински панаѓур”.Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата “Неготинска вечер”. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи.
Инаку, “Неготинската вечер” е наследничка на познатата “Боемска вечер”, на која покрај другото беше доделувана и наградата “Боем на годината”. Празнувањата продолжуваат на 20 септември со познатата “Манастирска Вечер”, кога граѓаните традиционално и масовно го посетуваат манастирот “Свети Ѓорѓи”, кој се наоѓа во непосредна близина на Неготино.Во текот на следните три дена 21 - 23 септември, започнува стопанскиот дел од манифестацијата, кога централното градско подрачје е претворено во огромен саем на кој трговците кои доаѓаат од сите краеви на Македонија нудат широк асортиман на производи и стоки. Во деновите на “Неготинскиот Панаѓур”, Неготино е отворено и подготвено да ги пречека сите добронамерни гости и посетители. |