Недела на виното (Св.Трифун, 14 февруари) PDF Печати

Празникот Св. Трифун“ се празнува на 14 февруари, а за Неготино овој датум има посебно значење. Според народното толкување, Св.Трифун е познат како покровител на меанџискиот еснаф и заштитник на лозјата и винарите. Во Тиквешијата и Повардарието кои се познати по лозовите насади, виното и ракијата, во чест на овој ден се изведува обредно закројување на виновата лоза. На тој начин се верува дека лозјата ќе бидат заштитени од разни штети, болести и несреќи.

 

Последниве години, манифестацијата Св.Трифун“ добива се поголем публицитет, афирмација и прерасна во културна и стопанско - туристичка манифестација под наслов Недела на Виното. За време на оваа манифестација, општина Неготино во соработка со Здружението на лозари Витис“ од Неготино и други стопански субјекти од општината, организира дегустација на вина од познатите винарии и приватните производители, стручни предавања, промоции, изложби и други стопански и културни настани.

Централната прослава се одржува на Градскиот Плоштад, каде што се изложбените и дегустационите штандови за наменети за посетителите. Целата манифестација е проследена со богата културно-уметничка програма.

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 9 гости присутни