КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИ КОРИТА |
There are no translations available. Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-1402/20 од 22 март 2011 година (Службен весник на РМ бр.42/2011) и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2011 година, Општина Неготино објавува Ј А В Е Н П О В И К 1. Предмет на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за чистење на речни корита согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-1402/20 од 22 март 2011 година (Службен весник на РМ бр.42/2011) и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2011 година. 2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои поседуваат градежна механизација и имат интерес да се вклучат во Акцијата за чистење на речни корита да поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила заклучно со ден 12.05.2011(Четврток) во архива на Општина Неготино. Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав : 1.Зоран Лазов 2.Александар Јованов 3. Бранко Вељанов Со правните лица ќе биде склучен Договор за нивно ангажирање. |