ЛУ МУЗEЈ НА ГРАД НЕГОТИНО PDF Печати

Локална Установа МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО

 

Адреса: ул. "Маршал Тито" бр.119

тел: 043/361-712

Работно време: 8.00 - 16.00

 

 

Локалната установа Музеј на град Неготино е основана во 1978 година како општ музеј. Од овој период па до денес, установата работи без прекин и е надлежна за заштита, чување и промоција на културно – историското наследство на поширокото подрачје на Неготино, Демир Капија и нивните околини.

Првата изложба била организирана во 1978 година и содржела материјали од ликовното творештво на познатиот ликовен уметник Димче Протуѓер.

 

Организација и кадровска структура

 

Активностите се реализираат во 4 одделенија:

I. Археолошко одделение

II. Историско одделение

III. Етнолошко одделение

IV. Одделение за ликовна уметност 

 

Менаџментот на институцијата е во лицето на директорот на установата.

 

Истражувања и локалитети

Локалната установа Музеј на град Неготино во рамките на своите истражувања има вршено археолошки ископувања на повеќе локалитети кои се од осбено значење за културно-историското богатство на општина Неготино, а некои од нив имаат и пошироко, републичко значење. Во последните неколку години вработените во Музејот работат на неколку значајни локалитети: “Градиште во непосредна близина на градот Неготино, Чаир Рид и Орманков Гроб во близина на селото Тремник и неколку други, исто така значајни локалитети кои се наоѓаат во бизина на населените места во општината.

 

Установата располага и со изложбен простор од 450 м2 за стални музејски поставки и 100 м2 за повремени изложби.

 

Постојани музејски поставки

 

Историска поставка

Историска поставка е поставена 1979 година и ја прикажува локалната историја од Илинденскиот период до крајот на Втората светска војна. Во областа на историјата музејот располага со над 800 документи, орудија и примероци на оружје од илинденскиот период и двете светски војни.

 

Археолошка поставка

Во 2003 година е поставена сталната музејска поставка "Археолошкото богатство на територијата на Неготино ", во која денес се изложени неколку стотици од вкупно околу 1000 археолошки предмети со кои располага Музејот.

 

 

Поставката, преку изложените предмети ја следи историјата на Неготино и регионот низ времето, почнувајќи од праисторијата, па се до доцниот Среден век. Во археолошката поставка изложени се предмети од богатите археолошки локалитети на територијата на општина Неготино.

 

Во блиска иднина се планира поставување на стална Етнолошка поставка, која ќе го презентира етнолошкото богатство на овој крај прерку етнолошките предмети собрани од територијата на општина Неготино, чиј број денес во Музејот на град Неготино изнесува преку 300 предмети.

 

ГАЛЕРИЈА НА ВИНОТО

Во рамките на својата надлежност Музејот на град Неготино ја вклучува и новоизградената Галерија на виното, прва од ваков вид во Република Македонија.

Галеријата на виното која е лоцирана е во комплексот на манастирот Св.Ѓорѓи е изградена со финансиски средства на општина Неготино и Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија.

 

 

Богатата традиција во одгледувањето на виновата лоза и производсвото на вино се најкарактеристичните обележја на ова поднебје. Постои огромен број на археолошки наоди и етнолошки предмети поврзани со лозарството и винарството кои што сега во Галеријата на виното можат да се понудат и промовираат на едно место, со цел да бидат што подостапни за оние кои што сакаат да ги видат. 

Основната намена на објектот е заштита на културно –историското наследство со акцент на заштитата на артефактите поврзани со лозарството и винарството, како основен белег на ова поднебје.

Покрај основната, Галеријата на виното има и посебна намена   манифестирана во изложбено–продажниот дел кој ги содржи најквалитетните сортни вина, произведени во нашите познати винарии.

 

 

Локални бизнис партнери кои ги имаат изложено своите високо -   квалитетни вина во изложбениот дел од галеријата се винариите:

 

-          В.В. ПОВАРДАРИЕ

-          Винарија БОВИН

-          Винарија ПИВКА

-          Винарија ДУДИН

-          Винарија ФОНКО

-          Винарија ЃОРЧЕВ

-          А.Д. ВЕНЕЦ - Долни Дисан

-          Винарија ЕЛЕНОВИ - Демир Капија

-          Винарија ПОПОВА КУЛА - Демир Капија

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

Министерство за култура

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 24 гости присутни