КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеНУ Центар за култура АЦО ЃОРЧЕВ |
There are no translations available. НУ Центар за култура АЦО ЃОРЧЕВ
Адреса: Даме Груев бб Тел: +389 43 371 081 Еден од репрезентите на културата во Општина Неготино е Националната установа Центар за култура “Ацо Ѓорчев” - Неготино
Историјат Почнувајќи од 6 Април 2004, со измените на одредбите од новиот закон за култура на Република Македонија, Домот на културата „Ацо Ѓорчев“ - Неготино, премина во Национална Установа Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино. Објектот на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино е зграда со површина од 1200 м2, изграден со средства на државата и пуштен во употреба од 1948 година, како Дом на културата - Неготино. НУЦК “Ацо Ѓорчев” претставува центар на уметноста, музиката и целокупното културно живеење на граѓаните од Неготино.
Просторни капацитети и кадровска екипираност на објектот
Голема сала: 288 седишта Уметничка галерија: 45м2
Организација и кадровска структура
Активностите се водат во 3 сектори: I. Драмско-сценска дејност II. Музичко-концертна и фолклорна дејност III. Изложбено-галериска дејност Менаџментот на институцијата е во лицето на Генералниот директор и менаџерите по сектори. Вкупен број на вработени во институцијата е 8 луѓе. Националната установа Центар за култура Ацо Ѓорчев - Неготино, во рамките на своите програмски активности реализира годишна програма како производ на активностите на секторите кои работат и делуват во истата. Центарот за култура Ацо Ѓорчев - Неготино го организира и го води културниот живот во општината. Истиот е средиште на културните збиднувања во градот и општината (претстави, изложби, концерти, промоции на книги, литературно-музички средби, презентации). Основната цел и активност на Центарот е да ги едуцира граѓаните, посебно младата популација, анимирајќи ја нивната културна креативност, зачувувањето и негувањето на традиционалното културно наследство и творештво и создавање на една културолошки чувствителна и образована публика. Секоја година се изработуваат и доставуваат предлог-годишни програмски содржини и проекти кои се разгледуваат од страна на Министерството за култура на РМ и се реализираат во зависност од финансиската подршка на Министерството, висината на сретствата од Локалната Самоуправа и спонзорствата од бизнис секторот. Концептуално, секоја годишна програма нуди повеќе содржини, но онаа по кое Центарот за култура Ацо Ѓорчев - Неготино е препознатлив се содржините и активностите што се водат пооделно во секој од секторите: I. Драмско - сценска дејност Аматерскиот театар е основан истата година кога е изграден и Домот на културата, а има корени од некогашното спортско друштво од 1936 година кое во тоа време се занимавало и со драмски дејности. Во годините на своето постоење поставил на сцена повеќе од 150 премиерни изведби од познати светски и домашни автори. Стратешки, тенденцијата е не само поставување на сцена актуелни и популарни дела со градење перманентна присутност и театарска култура во градот, туку и популаризирање на оваа дејност кај младата популација со генерирање нови вљубеници и идни кадри. Во овој сектор има двајца вработени, како административци и ангажирани повеќе надворешни соработници и волонтери. Годишно подготвува и реализира околу 3 премиери со околу 15 репризи, по дела од домашни и странски автори. Аматерскиот театар остварува гостувања како низ Македонија така и во странство, а учествува и на домашни театарски фестивали и други манифестации.
II. Музичко - концертна и фолклорна дејност
1. КУД Јане Сандански Во делот на програмските активности поврзани со негување на традиционалниот македонски фолклор, во Центарот за култура Ацо Ѓорчев - Неготино работи и со години успешно опстојува КУД "Јане Сандански", кој со своите 150 фолклористи и 10 музичари се презентери на народното фолклорно богатство на ова поднебје. Обучувајќи и внесувајќи ги во уметноста на фолклорните игри и традиционални кореографии и бројните ново запишани членови, тие напорно се и дел од повеќето програмски активности на Центарот за култура. Во периодот на своето опстојување и работа, ова културно-уметничко друштво има остварено бројни настапи во земјата и во странство (Чешка, Германија, Италија, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина - Република Српска).
2. Старогратски ансамбл “Лира”
НУ Центар за култура “Ацо Ѓорчев“ во рамките на своите активности од поодамна ја негува и староградската народна музика. Тоа особено дојде до израз во раните 70-ти години од минатиот век со формирањето на пеачката група “Распеани Неготинчани“. Следбеници на „Распеани Неготинчани“ се членовите на групата „Лира“. Оваа пејачка група негува еден значаен сегмент од традиционалното музичко и културно живеење на нашиот народ, зачувувајќи ги низ годините звуците, обичаите, обележјата и навиките на населението од овој крај. Пејачката група „Лира“ веќе 10 години работи при НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ од Неготино со чија помош e издадено и едно музичко CD со староградски народни песни, а во подготовка е уште едно.
III. Изложбено-галериска дејност
Уметничката Галерија „Арт М“
Уметничката галерија „Арт М“ во рамките на НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино постои од 2008 год. Во работата на оваа галерија се вклучени и двајца реномирани уметници – професори, кои се одговорни за изборот на ликовните уметници кои ќе имаат можност за промоција на своето творештво преку самостојни изложби. Целта на оваа галерија е граѓаните од нашиот град и од регионот да се запознаат со вистинската уметност, како еден од начините за “борба” против шундот, преку творештвото на реномирани уметници од Македонија и странство. Галеријата за краток период има организирано 5 изложби на дела на наши познати уметници, од кои најпознато име е Мирослав Масин. |