ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино PDF Print
There are no translations available.

Контакт

ул. Партизанска 146
1440, Неготино
Р. Македонија
email: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
043/361-900 
 
 

Историјат:

 О.У. ,,Страшо Пинџур“ – Неготино е едно од поразвиените училишта во градот.

Изградбата на училишната зграда на О.У.”Страшо Пинџур” – Неготино, отпочнала во почетокот на 1933год. а била завршена до средината на 1937 год. Зградата била направена со доброволен прилог на парични средства.

Во почетокот на 1937/38 учебна година училиштето за прв пат отпочнало со работа, но без име. Во 1941 год. училиштето добило име “Александар Станоев”. Овој некогашен учител е роден во Неготино, каде и малку време учителствувал. По ослободувањето на Македонија во учебната 1945/46 год. името на училиштето се променува од “Александар Станоев” на “Страшо Пинџур”, кој бил најистакнат револуционер и комунист во Тиквешијата, па и во нашата република.

Во учебната 1946/47 год. по желба на граѓанството во денешната зграда се отворила гимназија со IV и V клас. Во истите простории на зградата наставата се одвивала во две смени: Прва од I – VII одд. (тогаш трети клас), а другата смена учениците од IV и V клас.

За прв раководител на гимназијата бил назначен Круме Кепески – професор, а за раководител на седумгодишното училиште учителот Иван Иванов. Само една учебна година покасно (1948 год.) двете училишта се фузираат како неполна гимназија со заедничко име “Страшо Пинџур”.
 
Училиштето за тоа време развивало голема активност на културно-просветно поле.

Поради порастот на бројот на учениците и паралелките во учебната 1985/86 год.започна со работа новодоградениот дел на училиштето со 9 училници, кујна и трпезарија.

Под О.У.”Страшо Пинџур” се и 4 подрачни училишта од I – IV одд. во с.Криволак, с.Пепелиште, с.Војшанци и с. Црвени брегови, од каде учениците го продолжуваат основното школување од V – VIII одд. во централното училиште.

Училиштето располага со 20 училници, кабинет по техничко образование, информатика, медијатека и библиотека. Во училиштето работи и училишна кујна која опслужува околу 600 ученици.

На ниво на училиште во просек се школуваат 1000 ученици распоредени во 41 паралелка и 4 забавишни групи.Во состав на училиштето работи и една паралелка од I – VIII  одд. за деца со посебни потреби. Од пред три години отворена е и паралелка за Дневен престој на ученици од I – IV одд. и истата брои околу 25 ученика.

Воспитно – образовната дејност ја реализираат околу 60 наставници кои со својата стручност и професионалност ги подучуваат учениците, ги откриваат нивните способности и им даваат знаење преку редовната настава и воннаставните активности.

Современите текови и промени во сите свери на живеење предизвикаа промени и во образованието, традиционалната настава и отстапи место на современата. Наставникот од авторитарен тип на раководител се трансформира во демократски тип, планер и активен истражувач. Додека пак ученикот од пасивен слушател се промени во активен учесник во релизацијата на наставата.

Во учебната 1996/97 год. во училиштето почна да се реализира проектот “Чекор по чекор” на институтот отворено општество на Македонија кој е финансиран од фондацијата “Сорос” и работи по програмата на меѓународниот центар за поддршка и образование на децата со седиште во Вашингтон. На почетокот во реализација на проектот беа вклучени две забавишни групи и една паралелка во I одд. Со прифаќањето на оваа програма нашето училиште направи голем чекор напред во осовременувањето на наставно – воспитниот процес. Потоа секоја учебна година сукцесивно се вклучуваа во проектот, а минатата учебна година учениците што го завршија основното образование беа првата генерација ученици што работе по современа методологија која во центарот на училиницата го има ученикот.

Продукт од проектот “Чекор по чекор” е програмата “Креативна настава и учење” која веќе три години успешно се реализира во училиштето. За таа цел наставниците посетија неколку семинари и се едуцираа за примена на креативни техники во наставата со цел учениците со повисока мотивација да стекнат квалитетни и трајни знаења.

Во училиштето успешно се реализира и проектот “Граѓанско образование” каде што учениците преку концептите одговорност, авторитет, приватност и правда учат за граѓанското општество и ја осознаваат неговата организација.

Од октомври 2001 год. училиштето влезе во проектот РУС (родителско училиште соработка) на хуманитарната организација ЦРС (Католичка служба за помош). За потребите на проектот членови од Советот на родители и стручната служба беа опфатени со едукативни семинари на кои се стекнуваа со знаења и умеења за подобрување на условите за работа во училиштето.

На 21.03.2002 год. ЦРС одреди гранд од 11000 долари за сменување на вратите, прозорците и пластичниот под на 6 училници во стариот дел на училишната зграда.

Во учебната година 2002/03год. училиштето повторно аплицираше до невладини организации за доделување грантови при што беше одобрен проектот за реконструкција на старата училишна зграда од невладината организација УСАИД “Луис Бергер” во висина од 61000американски долари. Реконструкцијата опфати сменување на прозорците, вратите, дрвениот под, скалите, стреите, фасадата, на две училници од новиот дел сменување на пластичен под. Демонтажата исто така беше извршена од родителите и наставниците. Реконструкцијата започна на 07.10.2002 г. а заврши на 27.11.2002 г. кога реконструираната училишна зграда беше свечено предадена на употреба.

Поради непречено изведување на наставата учениците учеа во две и три смени.

Во училиштето се створија услови за работа за следните 30 години.

Оваа година директорот и лидерскиот тим на училиштето изработија развоен план за следните пет години во кои се разработени приоритетни задачи. Истите ќе се реализираат преку визијата современа, ефикасна и квалитетна настава за потребите и интересите на учениците, а со тоа училиштето ќе биде во можност да ја оствари и својата мисија “Реализираме современи програми за задоволување на потребите на учениците и поттикнуваме доживотно учење.” 
 

Финансиски индикатор