|
ПОЧИТУВАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЃОРЃЕ ИВАНОВ, ПОЧИТУВАНИ ЕКСЕЛЕНЦИИ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАВА, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО И ГОСТИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО – ДОБАР ДЕН И НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ „СВ. ТРИФУН” А НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЧЕСТИТ ПРАЗНИК „ПРОЧКА”. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и жупанот на општина Чрномељ – Република Словенија како претставници на двете општини на пригодна свеченост во големата сала на општината го потпишаа. Договорот за меѓуопштинска соработка. Двете општини се договорија за започнување заедничка соработка со интерес за воспоставување на цврсти врски помеѓу општините и нивните жители со давање двостран придонес за меѓусебно запознавање, како и подобро разбирање и зближување. |
Повеќе...
|
Во организација на локалната самоуправа, во просториите на Туристичкиот – инфо центар и со присуство на претставници од општините со кои Неготино има воспоставено соработка, се одржа Интернационален форум на тема „Европските искуства во развојот на туризмот”. Форумот го отвори м-р Лолита Ристова – раководител на одделението за развој на општина Неготино која наедно и изврши презентација на туристичките капацитети со кои располага нашата општина. |
Повеќе...
|
Во рамките на одржувањето на петдневната стопанско – туристичка манифестација „Недела на виното” во чест на весркиот празник „Св.Трифун” во просториите на манастирот „Св. Ѓорѓи” и оваа година се одржа Ден на вранецот. Домаќините – свештените лица од МПЦ „Св. Атанасиј” се погрижија и овој настан да се одвива во одлична атмосфера на задоволство на многубројните посетители кои пристигнаа во манастирот. |
Повеќе...
|
Манифестацијата „Недела на виното – 2010” и оваа година беше организирана од страна на локалната самоуправа – Неготино, Советот на општината и градоначалникот Пане Трајков, а во соработка со приватните винарии, Здружението на граѓани Витис, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” потоа угостителските објекти од општинава, а година сопствен придонес даде и АД „ Стопанска банка” - Скопје. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 311 312 313 314 Следно > Крај >>
|
Лист 311 од 314 |