Работниот состанок беше имплементиран успешно со учество на претставници од трите корисници на проектот меќу кои како партнер 2 е и општина Неготино.Членовите на проектните тимови на корисниците извршија презентација на структурата на проектот, ги образложија детално активностите кои се дел од проектот,фазата на имплементација и методологијата за заедничките активности. Најважните точки на проектната средба беа: 1. Конституирање на ,, steering committee-одлучувачки комитет на проектот”и презентирање на нивната одговорност.2. Важноста од постигнување на поставените индикатори беше нагласена од стана на Водечкиот партнер. 3. Целите кои треба да бидат постигнати од страна на партнерите во првите 6 месеци. 4. Детали за развојот на веб страна и комуникацискиот пакет беше презентиран од страна на водечкиот партнер. Корисниците на проектот исто така се согласија да доставуваат фотографии со висок квалитет за секоја објава која е поврзана со проектот. Се разговараше и за датумот на одржување на следната работна средба. Градоначалникот на општина Неготино г. Горан Стојанов исто така оствари средба со градоначалникот на општина Пела, Григориос Стамкос, на која беа разменети искуства и искажано задоволство од меѓусебната соработка во однос на досега резлизираните проекти како и за проектот ,,wine-up”со искрена надеж за продолжување на соработката и на други идни проекти. |
Повеќе...
|
|
Светскиот ден на хемофилијата се одбележува секоја година на 17-ти април. Во чест на овој празник во текот на вчерашниот ден (недела) зградата на општина Неготино беше осветлена во црвена боја – симбол на крв и Светскиот ден на хемофилијата. Инаку, одбележувањето на Светскиот ден на хемофилијата е со цел за подигнување на свеста за вродени нарушувања во системот за коагулација. Хемофилијата претставува наследна состојба што се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крварењето. |
Повеќе...
|
Пријава и детектирање проблеми од страна на граѓаните кои се во ингеренции на локалната самоуправа, како и нивно решавање, е основната цел на проектот „Моја патрола“ кој веќе извесен период функционира на територијата на општина Неготино со поделба на градот на 3 реони и 4 реони во руралните средини. Вработени секојдневно се на терен близу до граѓаните и остваруваат директен контакт со нив, се со цел детектираните и пријавените проблеми да се решат во набрз временски рок. Со цел зауште поголема достапност, од денеска (11.04.) населението „Моја патрола“ може да ја контактира и телефонски на броевите 070-208-279 и 072-218-261 од 08,00 до 16,00 часот, мејлот
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
и фејсбук-страницата Моја патрола. |
Од 4 до 8 април во нашиот град се одржа осмото по ред отворено првенство во шах “Неготино Опен 2022”. На првенството учество зедоа 28 учесници кои одиграа вкупно 9 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство е шахистот Санде Атанасов кој во деветте одиграни партии освои вкупно 8 поени и ја освои првата награда во вредност од 7.000 денари. Второто место на турнирот со освоени 7,5 поени му припадна на Димитар Ставров - Вешки, а третопласиран е Ѓоко Павлов кој ја освои третата награда во износ од 4.000 денари. Награди во висина од 2.000 денари добија и Ѓорѓи Темелков како најдобро пласиран млад шахист (под 18 години) и Васко Недев како најдобро пласиран сениор (над 60 години). Наградите ги обезбеди Општина Неготино, а ги додели градоначалникот Горан Стојанов кој на најдобрите учесници им додели и дипломи. Првенството помина во одлична организација на Општина Неготино во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”. |
Повеќе...
|
Можностите за поддршка и промоција на Регионалниот проект за изучување на францускиот јазик во општина Неготино-беше една од темите на кои денеска како градоначалник на општина Неготино разговарав со г-динот Иго Бештел, советник за соработка и културно делување во Француската амбасада и директор на Францускиот институт во Скопје за време неговата официјална посета на нашиот град. На средбата разговаравме за можностите за спроведување и на други проекти во Неготино кои би биле од заеднички интерес за општина Неготино и Францускиот институт во Скопје,а беше потенцирана и успешната улога на Францускиот институт кој има значајна улога во едукативниот процес преку организирано изучување на францускиот јазик, франкофонските активности, обука на професори и друго. Предходно, г-динот Бештел престојување во СОУ„Св,Кирил и Методиј“ каде што на 35 ученици и професори од училиштето им беа врачени меѓународно акредитирани дипломи за познавање на нивото на францускиот јазик на ниво од А1 до Б2, а го посети и ООУ„Гоце Делчев“. |
Од мое лично име, како градоначалник на општина Неготино и од име на Советот на општината упатувам искрени честитки по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите до сите наши сограѓани од ромската етничка заедница. Како локална власт, а во соработка со Здруженијата на Ромите, вклучени сме директно во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои граѓаните од ромската заедница се соочуваат и се обидуваме да ги обезбедиме сите права и обврски кои им се загарантирани со законите. Општина Неготино и во иднина ќе продолжи да спроведува одржливи мерки со кои ќе се подобрува животниот стандард на сограѓаните Роми и нема да престане да се заложува за зајакнување на економската и социјалната вклученост на Ромите во сите општествени текови. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>
|
Лист 17 од 314 |