Општина Неготино
Јавен повик за свикување на Локално собрание на млади за формирање на Локален младински совет PDF Печати

Почитувани,

Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов како советник во општината, по состанокот на иницијативниот одбор за свикување на Локален младински совет одржан на ден 28.04.2022 година  донесена е одлука за распишување на јавен повик за свикување на Локално собрание на млади за формирање на Локален младински совет.

Се повикуваат сите младински здруженија кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите предвидени со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, да се пријават на e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и ќе делегираат по 1 (еден) делегат од организација за во Локалното собрание на млади.

Пријавувањето трае најдоцна до 10ти мај, а седницата на Локалното собрание на млади ќе се одржи на 14 мај во 16.00 часот во салата на Општина Неготино.

Собранието на млади објавува јавен повик за членови за локалниот младински совет. Јавниот повик се објавува на веб - страницата на општина Неготино.

Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

За избрани членови на локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

Локалното собрание на млади делегира и избира членови на Локалниот младински совет по објавен јавен повик од страна на истото собрание.

Бројот на членови во Локалниот младински совет на општина Неготино изнесува 5 (пет).  

О Д Л У К А - ЛМС

 
Гоце Делчев-корифејот на македонското ослободително движење PDF Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
    По повод 150 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во големата сала на општина Неготино се одржа трибина на која се говореше за ликот и делото на Делчев. На трибината пред присутните свое обраќање имаше професорот по историја Блаже Лазовски кој говореше за улогата и дејствувањето на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19-иот и почетокот на 20-иот век, односно како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација. На 4-ти мај 1903 година на пат кон Сер, бил убиен од туркста војска во селото Баница, а саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св.Спас“ во Скопје. 
 
Повеќе...
 
Во Музејот трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања PDF Печати
 Општинската установа Музеј на град Неготино и Македонското археолошко друштво одржаа јавна трибина на тема: „Потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања“. На трибината учествуваа четириесеттина колеги од националните и локални музејски установи, установите за заштита на споменичното наследство, високообразовните и научните установи, Управата за заштита на културното наследство, како и самостојни истражувачи а на истата говореа проф. д-р Драги Митревски, д-р Силвана Блажевска, д-р Сања Ивановска Велкоска, д-р Христијан Талевски, Ване Секулов, м-р Билјана Јовановска. Од самиот настан произлегоа заклучоци за реалните проблеми со кои истражувачите се соочуваат и предлози за нивно решавање. Трибината имаше за цел да го поттикне надлежното министерство, во случајот Министерството за култура, за побрзо донесување на нов Правилник за археолошки истражувања, во чија изработка ќе бидат вклучени колегите археолози. 
 
Повеќе...
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 29.04.2022 година PDF Печати
       Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  четвртта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино

   Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 29.04.2022 година ( петок  )  во 15 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Информација за актуелни случувања на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино, ООу „ Страшо Пинџур “ , ООУ„ Гоце Делчев “ и СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино


 
 
Трибина на тема „ 150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ PDF Печати
   Денеска, четврток 28 април, по повод јубилејот 150 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во салата за состаноци на општина Неготино со почеток од 18,00 часот ќе се одржи трибина на која ќе се говори за улогата и значењето на Гоце Делчев како визионер, организатор на македонското револуционерно национално-ослободително движење и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација. Предвач на настанот ќе биде професорот по историја Блаже Лазовски и на истиот можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. 
 
Соопштение до јавноста од страна на општина Неготино PDF Печати
Почитувани,
Во согласност со член 16 и 17 од Законот за младинско учество и младински политики, како и во согласност со одлуката донесена на Советот на Општина Неготино на ден 15.03.2022 година, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, како советник во општината, донесена е статутарна измена за формирање на Локален младински совет.
Според процедурата согласно со Законот за младинско учество и младински политики, најпрво ќе се формира иницијативен одбор за свикување на истиот.
Се повикуваат сите младински здруженија, во согласност со член 17 став 4 од Законот, кои се заинтересирани, без претходно пријавување, да земат учество на овој иницијативен одбор за формирање на локален младински совет, каде што ќе се констатираат понатамошните чекори за крајната цел.

Иницијативниот одбор ќе се одржи на ден 28.04.2022 година, во салата на Општина Неготино во 16.30 часот.

Со почит,
Општина Неготино
 
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 16 од 314