Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со скратен назив Акроним,, wine-up,,
Информации за проектот Проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со акроним “wine-up” се реализира во период од октомври 2021 до април 2023 година, водечки партнер е Општина Пела – Република Грција, а проектен партнер е Општина Неготино, РС Македонија. Проектот има за цел поддршка и развој на економијата во овој регион. Специфична цел на проектот: Подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекуграничната област со цел подобрување на вработувањата во туризмот. Активности кои ги предвидува проектот: • Активности кои ќе придонесат кон нови вработувања во правец на јакнење на човечките капацитети со обуки од областа на туризмот • Планирање на дирекни вработувања (времени) со намера истите да станат одржливи по завршување на проектот како во јавниот така и во приватниот сектор. • поддршка во организирање на настани, по повод Св Трифун и Неготинскиот панаѓур во Неготино за времетраењето на проектот, заради поголема промоција на општината, но истовремено како можност за размена на искуства со прекуграничните и други странски партнери Циклус на обуки: Општина Неготино заедно со компанијата О3 Инвест Скопје, планираат да организираат три циклус обуки на следните теми: 1. Управување со дестинација 2. Организирање на настани 3. Градење на вештини за туристички водичи Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември, во зависност од потребите на граѓаните на општината и формирањето на групите. Подтемите како и динамиката на реализација ќе бидат дополнително споделени со сите заинтересирани. Сите заинтересирани лица, повеќе информаци може да добијат на а
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Пријавувањето може да се направи електронски на следниот линк или телефонски на 070/786-808. П О К А Н А
https://docs.google.com/forms/d/17CxYBbx26KsoEVY0IkA8Li4ZwIC85zJULjWrlOHiT64/edit |
|
Како градоначалник на општина Неготино во соработка со стручните служби при локалната самоуправа покренавме иницијатива за спас на браната Липа на која се регистрирани сериозни оштетувања. За таа цел, деновиве се одржа координативен состанок на кој беа утврдени насоките за дејствување, а на кој присуствуваа претставници на изведувачот на работите Стентон градба, на надзорниот орган ДООЕЛ Столб од Битола и двајца еминентни професори од Градежниот факултет во Скопје Милорад Јовановски и Предраг Миливојевиќ. На состанокот беше договорено комплетната документација за браната Липа да се достави до Градежниот факултет за да може да се изготви соодветно решение за санирање на оштетувањата и повторно ставање на браната во функција во интерес на земјоделците кои користат вода за наводнување на земјоделските површини во тој реон, како и за потенцијал развој на руралниот туризам. |
Повеќе...
|
Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дванаесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.05.2022 година (вторник) во 14:30 часот. За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 10 редовна седница на Совет на Општина Неготино 2. Усвојување на записник од 11 редовна седница на Совет на Општина Неготино 3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година 4. Предлог – Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во општина Неготино 5. Предлог – Правилник за работа на облици на месна самоуправа во општина Неготино 6. Предлог – Решение За давање согласност на измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Неготино 7. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино 8. Предлог – Одлука за проширување на дејноста на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино 9. Предлог – Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино 10. Предлог – Решение за давање согласност на Пречистен текст на Статутот на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино 11. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот од 01.01.2022 – 31.03.2022 година 12. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансиското работење на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино за периодот 01.01.2022- 31.03.2022 година 13. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-259/6 од 06.05.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за извршени активности според договори склучени со Општина Неготино 14. Информација за Одлука на Државна комисија за спречување на корупција бр. 12-1423/10 од 17.05.2022 година, а во врска со Одлука за избор на најповолен понудувач бр. 02-510/4-1 од 26.11.2021 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино ( точка 25 од дневниот ред на 4 редовна седница на Совет одржана на ден 29.12.2021 година и точка 24 од изменетиот дневен ред на 7 редовна седница на Совет одржана на 15.03.2022 година).
|
Во својство на градоначалник на Општина Неготино денеска присутвував на пригодната свеченост што се одржа во просториите на неготинската Територијална противпожарна единица, а по повод 20-ти мај Денот на пожарникарите. Традиционално, неготинските пожарникари го одбележаа празникот со презентација на противпожарните возила и на противпожарната опрема, како и демонстрација на нивното функционирање. Во текот на изминатава година од страна на неготинската противпожарна служба беа извршени бројни успешни интервенции за гасење на пожари на приватни објекти и на отворен простор. |
Повеќе...
|
Почитувани, Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов како советник во општината, по состанокот на Локалното собрание на млади одржан на ден 14.05.2022 година донесена е одлука за распишување на јавен повик за свикување на Локален младински совет.
Се повикуваат сите младински здруженија кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите предвидени со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, да се пријават на e-mail адреса:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
и ќе делегираат по 1 (еден) делегат од организација во Локалниот младински совет.
Пријавувањето трае најдоцна до 30ти мај, а изборот на членови во Локалниот младински совет ќе се одржи на 4ти Јуни во 16.00 часот во салата на Општина Неготино.
Собранието на млади објавува јавен повик за членови за локалниот младински совет. Јавниот повик се објавува на веб - страницата на општина Неготино.
Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.
За избрани членови на локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.
Локалното собрание на млади избира членови на Локалниот младински совет по објавен јавен повик од страна на истото собрание.
Бројот на членови во Локалниот младински совет на општина Неготино изнесува 5 (пет). О Д Л У К А |
По завршувањето на неопходните градежни активности, денеска се започна со асфалтирање на улицата во село Курија во должина од 531 метри. Имено, општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Изведувач на работите е Градба промет Кавадарци, а за надзорот е задолжена фирмата Павел трејд ДООЕЛ Кавадарци. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>
|
Лист 14 од 314 |