Општина Неготино
Во четврток (23.06.) трибина на тема „Безбедноста на сите учесници во сообраќајот“ PDF Печати
   Во четврток на 23-ти овој месец во салата за состаноци на општина Неготино со почеток од 19,00 часот ќе се одржи трибина на тема „Безбедноста на сите учесници во сообраќајот на територијата на општина Неготино“. Предвидено е на трибината стручни обраќања да имаат претставници на Секторот за сообраќај при ОВР Неготино. Целта на одржувањето на оваа трибина, но и на наредните кои е предвидено да се одржуваат во иднина, е подигнување на јавната свест и одговорноста за важноста и безбедноста во сообраќајот, проблемите со непрописното паркирање и изнаоѓање начини за надминување на состојбвта, оставањето на возилата на несоодветни места и зафаќање на сообраќајни и јавни површини, движењето на пешаците и нивната безбедност, како и движењето на велосипедите и моторциклите и нивната безбедност. На трибината можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани на кои ќе им се овозможи со презентација на свои размислувања, идеи и предлози да придонесат за подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.
 
53 граѓани на Општина Неготино добија субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети PDF Печати
  Врз основа на објавениот јавен повик за субвенционирање на набавка на велосипеди и електрични тротинети за граѓаните на Општина Неготино во 2022 година кој беше објавен на почетокот на месец мај, 53 граѓани на општината го остварија правото за добивање на финансиска поддршка од буџетот на општината. Овој проект на општината се реализира веќе неколку година по ред, при што во изминатите 4 години општината субвенционираше набавка на околу 250 велосипеди со што значително придонесе за поттикнување на рекреативниот велосипедизам и зачувувањето на животната околина во општината. Како резултат на големиот интерес од страна на граѓаните, Општина Неготино планира продолжувања на ваквата пракса и во наредните години.

LISTA.PDF
 
Неготино доби „Куќа на виното“ за семејни винарии од општината PDF Печати
  По „Галеријата на виното“ и „Винската архива“, Неготино доби и „Куќа на виното“ за семејни винарии од општината сместена во просториите на Туристичкиот информативенцентар „Желкова куќа“-објект кој ќе служи за промоција, дегустација и продажба на квалитетните неготински вина. Имено, општина Неготино во соработка со семејните винарии го реализираше проектот „Развој на вински туризам“ преку кој обезбедивме патокази за секоја семејна винарија, изработен е и поставен билборд на автопатот со цел за привлекување потенцијални посетители и обезбеден е простор во „Желковата куќа“ за промоција на производите од семејните винарии. „Куќата на виното“ е со површина од 20м2, опремувањето го реализираа сопствениците на винариите, а истата за посетители ќе биде отворена секој работен ден од 9 до 15ч. На сите претставници на семејни винарии им посакав успешна работа на „Куќата на виното“, квалитетна промоција и продажба на нивните производи и зголемување на бројот на потенцијални туристи во општина Неготино.
 
Повеќе...
 
Неготински средношколци се запознаваа со пчеларството PDF Печати

   20-тина ученици од Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино присуствуваа на одржаната обука за пчеларството која се одржа во просториите на модерниот и современ „Апи центар“ лоциран во селото Вешје. Предавач на настанот беше претседателот на Здружението на пчелари „Неготински мед“ Миле Тошев, а неготинските средношколци имаа убава можност практично да се запознаат со тајните на пчеларството, опремата во Апи-центарот, неговото функционирање и слично.

Повеќе...
 
Ќе се спроведе пробен попис на земјоделството во 3 неготински села PDF Печати
    Државниот завод за статистика во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година ќе спроведе Пробен попис на земјоделството во избрани населени места по пат на примерок, со тоа што во општина Неготино пописот ќе се спроведе во Долни Дисан, Црвени Брегови и Дуброво. Основната цел на Пробниот попис е да се тестираат методолошките и организациските аспекти на спроведување на главниот попис за земјоделство кој е планиран да се одржи во 2023 година. Методологијата и организацијата на оваа статистичка активност е во согласност со ЕК-регулативата за интегрирани земјоделски статистики и на тој начин ќе се обезбеди продукција на статистички податоци во согласност со европските стандарди. Прибирањето на податоците ќе го направат обучени попишувачи од Државниот завод за статистика со користење таблети во кои е вградена апликација за прибирање податоци. 
 
Формирана комисија за проценка на штетите од невремето од град во општина Неготино PDF Печати
Излегувајќи им во пресрет на барањата на земјоделците, општина Неготино формираше комисија која во периодот до петок 17.06.2022 г. ќе ги прима барањата за отштета од земјоделците кои имаат штети на сопствените насади. Потребна документација за поднесување до комисисјата:
- фотокопија од лична карта за физички лица или тековна состојба за правни лица
- фотокопија од трансакциона сметка
- изјава за веродостојност на податоците
- решение за упис во единствен регистар на земјоделски стопанства
- имотен лист
Барањата за проценка на штетите од невремето од град можат да се поднесуваат секој работен ден до петок 17.06. во салата за состаноци на општина Неготино од 08,00 до 15,00 часот.
 
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 12 од 314