Општина Неготино
Во четврток (07.07) во Неготино ќе се одржи информативна сесија од проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој“ PDF Печати
   По пријавата од општина Неготино за учество во циклусот на обуки како дел од проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој”, се информираат сите заинтересирани граѓани  дека на ден 07.07.2022 (четврток) во просториите на Општина Неготино со почеток во 14 часот, ќе се одржи информативна сесија, при што ќе утврдат начинот и времето на одржување на планираните обуки. Сесијата ќе трае 1 час. Специфичната цел на проектот е подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекугранична област со цел за подобрување на вработувањата во туризмот.
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември.
 
Со 6.000.000 денари се реконструира ул„Браќа Миладинови“ и санација на ударни дупки на улици PDF Печати

  Со средства во висина од 6 милиони денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино денеска се започна со градежни активности за комплетна реконструкција и асфалтирање на улицата „Браќа Миладинови“ во должина од околу 250 метри, а паралелно ќе се одвиваат активности  за санирање на ударни дупки на улиците во цел град каде што се регистрирани поголеми оштетувања. Според проектот, на ул „Браќа Миладинови“ предвидено е да се врши ископ, тампонирање, поставување на нови бетонски рабници и финално асфалтирање на целата улица. Исто така, во зависност од динамиката на изведување на работите, паралелно ќе се пристапи и кон санирање на ударните дупки на улиците во Неготино. Изведувач на градежните работи е фирмата „Градба промет“, а надзорот го врши „Павер трејд“ од Кавадарци. 

Повеќе...
 
Ставени во функција 4 пинг-понг маси на неколку локации во Неготино PDF Печати

  Општина Неготино во соработка со неколку општествено-одговорни правни и физички лица од општината реализираше проект за поставување на 4 бетонски пинг-понг маси кои се веќе ставени во функција и граѓаните ги користат за спортување и рекреација. Имено,  пинг-понг бетонски маси се поставени на 4 локации во градот и тоа во кругот на СРЦ„Младост““, во паркот спроти градскиот Музеј, паркот во населбата „Саат-кула“ и паркот на раскрсницата кај улиците „Марксова“ и „Фемо Кулаков“. На задоволство на локалната самоуправа, истите се масовно посетени и користени од страна на граѓаните.

Повеќе...
 
Поставени детски реквизити во кругот на СРЦ „Младост“ PDF Печати

    Општина Неготино во координација и соработка со „Ротари клубот“ од нашиот град реализираше проект со кој во кругот на Спортско рекреативниот центар „Младост“ е поставена урбана опрема-детски реквизити наменети за забава, одмор и реалксација на нашите најмлади сограѓани. Станува збор за поставување на 3 детски реквизити донација од Ротари клуб-Неготино. Се апелира до сите корисници на истите на нивно внимателно користење, како не би дошло до оштетувања на детските рквизити, со кои на нашите најмлади сограѓани им се создаде уште едно пријатно катче каде што во одмор и релаксација заедно со своите најблиски можат да поминуваат дел од слободното време. 

Повеќе...
 
Формиран е Локален младински совет при општина Неготино PDF Печати
  На седницата на Советот на општина Неготино одржана на 27.06.2022, а по претходна иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, со мнозинство гласови се верификуваа мандатите на петте членови на Локалниот младински совет при општина Неготино. Со тоа и официјално е формиран Локалниот младински совет ветен во мојата програма. Постапката за формирање траеше околу 5 месеци, се одвиваше на транспарентен начин, и беше во целосна согласност со Законот за младинско учество и младински политики донесен во 2020 година.За членови на Локалниот младински совет при општина Неготино се избрани:
- Пане Камчев
- Тијана Стојанова
- Кристијан Митковски
- Сања Камчева
- Мите Јаначков
Нивниот мандат трае 2 години.
Отсекогаш сум се залагал за развој и просперитетна иднина на младите. Општина Неготино и јас како градоначалник сум отворен за соработка и ќе бидам нивен поддржувач. Нивните идеи, проекти и заложби треба да бидат наш заеднички мотив иднината на општина Неготино да остане на младите лица. Им посакувам успешна и плодна работа на младите советници.
 
 
Се изврши прскање против комарци во Неготино и населените места во општината PDF Печати

   Со опфаќање на сите улици во Неготино и долж кејот, како и во населените места Тремник, Дуброво, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Д.Дисан, Тимјаник и Курија, а согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести, синоќа во периодот од 20,00 до 05,00 ч. наутро општина Неготино спроведе активност за прскање против комарци. Адултната дезинсекција со машинско прскање со препарат специјален за уништување на комарци со возило ја изврши фирмата Лиса-ком од Кавадарци, а предходно граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни беа известени навремено да ги преземат неопходните мерки за нивна заштита.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 314