Со склучувањето на договор со градежната фирма „Градба-промет“ создадени се неопходните услови за реализација на уште еден проект од витално значење за жителите на неготинското село Криволак. Имено, ќе се изведуваат градежни активности за изградба на нова улица во Криволак која ќе го поврзе центарот на селото со подрачното училиште во кое настава посетуваат 107 ученици, додека во градинката престојуваат околу 30 дечиња, со што пак ќе се зголеми нивната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Предвидено е реализацијата на проектот да заврши во наредните 3 месеци и веќе до крајот на април жителите на Криволак да добијат нова улица. Средствата за изградбата на новата улица се во висина од 2.700.000 денари и се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. |
|
Со цел за решавање на проблемот со паркирањето, со одлука на Советот на општина Неготино беше формирано Јавно претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“-Неготино. На 13.01.2021 година (среда) се одржа конститутивна седница на Управниот одбор на ова претпријатие на која беше донесена одлука за избор на претседател на Управниот одбор и одлука за усвојување на Стаутот на Јавното претпријатие. Се очекува во најскоро време ова Јавно претпријатие да профункционира и конечно да се стави ред во делот на паркирањето. За таа цел, во моментов се обезбедени 220 паркинг места на повеќе локации со тенденција во блиска иднина оваа бројка на паркинг-места континуирано да се зголемува. |
Како дел од спроведувањето на проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски финансиран од Светска банка, општина Неготино аплицираше проект за реконструкција на ул„ Антигона“ до ул„Димче Мирчев“ и реконструкција на ул„ Едвард Кардељ“ за кои согласно рамката за животна средина и социјални аспекти е изготвен план за управување со животната средина и социјални аспекти и беше одржана јавна презентација и консултација. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие проекти, но пред тоа општина Неготино е обврзана јавноста, локалното население и останатите засегнати страни да ги информира дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целосно спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен. Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на општина Неготино ќе останат објавени се до завршувањето и затворањето на проектот. Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот.doc Механизам за жалби и поплаки.doc |
Почитувани ! Ми претставува задоволство во овие празнични денови на сите православни верници од општина Неготино и пошироко кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар да им го честитам претстојниот празник на Раѓањето Христово. Божиќ е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни и да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на немоќните и на обесхрабрените. На сите граѓани, кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар, им посакувам радост и среќа во текот на целата година со традиционалниот христијански поздрав - Христос се роди ! |
Додека најголем дел од граѓаните на општина Неготино вечерва во домовите и во семејна атмосфера ја испраќаат 2020 и ја дочекуваат Новата 2021 година, поради специфичноста на работните задачи дел од граѓаните се наоѓаат на своите работни места и посветено ги извршуваат своите работни обврски. Како и секоја, така и оваа година во пресрет на доаѓањето на Новата година, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков беше во посета на службите кои во новогодишната ноќ се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Неготино. Тој престојуваше во Одделението за внатрешни работи Неготино и имаше средба со 15-те припадници на полицијата кои ноќва се грижат за безбедноста на граѓаните, ги посети 6-те дежурните здравствени работници во Итната помош при Здравствениот дом во нашиот град, како и обезбедувањето на зградата на општина Неготино. Градоначалникот Делков на сите им посака оваа вечер да имаат што е можно помалку работни ангажмани, новогодишната ноќ да ја поминат во мирна и релаксирана атмосфера, им ја честиташе Новата година со желби за се најдобро и од име на општина Неготино на сите им врачи пригодни подароци. |
Повеќе...
|
Почитувани сограѓани, ценети пријатели Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас и момент кога си посакуваме многу здравје, радост и среќа во годината што доаѓа. Ја испративме 2020-та година која беше специфична по многу нешта и во која нашето живеење и функционирање беше променето од корен поради присутната пандемија од Ковид 19. Токму затоа, посакувам во Новата 2021 година да им се радуваме на малите нешта што ја чинат големината на животот и да им го посветиме целото наше внимание, љубов и почит на нашите семејства, на нашите деца, на нашите пријатели. Јас како градоначалник на општина Неготино од мое лично име и од иметото на локалната самоуправа Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници со препорака за строго почитување на пропишаните протоколи и мерки. Овие празнични моменти нека бидат исполнети со најдобри желби за здравје, спокој, оптимизам и разбирање. Среќни Новогодишни празници, драги мои сограѓани. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>
|
Лист 54 од 314 |