По извршената дегустација на пристигнатите мостри од страна на комисијата составена од енолози, официјално се објавени резултатите и познати се најдобрите индивидуални производители на вина и ракии на годинашниот натпревар по повод „Св.Трифун“. Така, во категоријата бели вина трето место освои виното „куве“ на Тоше Николов, второ место „жупјанка“ на Гоце Станоески и прво место освои виното „шардоне“ на Гоце Попов. Во категоријата црвени вина третото место му припадна на Горан Јаковлески за виното „станушина“, второто место го освои „ каберне франк“ на Ивица Златковиќ и прво место „вранецот“ на Влатко Цветановски. Во категоријата ракии, третото место му припадна на производителот Кирил Андов, второ Бранко Вељанов, а првото место го освои ракијата на Горан Јаковлески. Нјадобра овошна ракија има произведено Лилјана Луканова, а најдобра мастика Никола Манчев. Nedela na vino 2021 Beli vina.doc Nedela na vino 2021 Crveni vina.doc Nedela na vino 2021 Rakii.doc |
|
Со дегустација на вина и ракии од индивидуални производители, денес започна одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун 2021 “. Стручната комисија составена од 8 енолози од Здружението на винари на РСМ дегустираа и ќе ги изберат најдобрите вина и ракии од индивидуални домашни производители. Годинава доставени се рекорден број на мостри за вина и ракии. Вкупно доставени е 108 мостри од кои : 29 бели вина, 47 црвени вина и 32 ракии од индивидуални производители. И оваа година Општина Неготино обезбеди признанија и награди за најдобрите кои наредната недела ќе ги додели градоначалникот Тони Делков, строго почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот.
|
Повеќе...
|
Интензивно деновиве екипи на фирмата изведувач работат на санација на паркот на улица „ Ставре Ставров“ во општина Неготино. Со санацијата предвидено е да се изврши: замена на оштетената подлога од патеките со тампонски слој, прередување на бекатон коцките и рабниците на патеките како и замена на оштетените елементи од патеките и подлогата наменета за детски реквизити. Изведувач на градежните активности е фирмата „ Павер Трејд ДООЕЛ “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ МГ Проект ДООЕЛ “ Скопје. |
Повеќе...
|
Во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во нашиот град во тек е реализација на проект со кој ќе се овозможи подобрување на физичката пристапност до и во училиштето и на условите за следење на наставата за учениците со попреченост кои се вклучени во воспитно-образовниот процес. Увид во работите извршија секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и директорот на оваа образовна установа Петар Мантев кои информираа дека поставувањето на пристапното игралиште со адаптирана опрема за рекреација и рехабилитација во училишниот двор се смета дека е од голема важност за градење на инклузивните образовни средини. Директорот Мантев истакна дека проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен и ИНклудиран“ е финансиран со средства од Европската унија, а истиот го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со МОН и БРО. |
Повеќе...
|
Имено, заради состојбата пандемијата од Корона вирусот како и доследно почитување на мерките и препораките за заштита од истиот, централниот настан кој секоја година се одбележуваше на градскиот плоштад годинава се откажува. Празникот ќе го одбележиме скромно со редуцирани настани и содржини со строго почитување на мерките за заштита, односно годинешното одбележување на некои од предвидените настани ќе се одвива онлајн. |
Врз основа на Програмата на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година (Сл. Гласник на општина Неготино), Општина Неготино објавува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Неготино за 2021 година, Програма A0-Совет на општина, ставка 463110 – Трансфери до здруженија на граѓани и фондации, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации (“Службен весник на РМ“, 130/07) и врз основа на Програмата на општина Неготино за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2021 година и критериумите и приоритетите дадени во овој повик. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>
|
Лист 51 од 314 |