По интензивните снежни врнежи, а согласно Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, стручните служби од општина Неготино во соработка со ЈП Комуналец кој на располагање стави скип, 2 трактори и работна рака, како и фирмата задолжена за одржување на улиците во зимски услови „Минт-инжинеринг“ со грејдер, утоварувач, камион и 2 булдожери пристапија кон расчистиување на улиците во градот и патиштата до населените места во нашата општина. Приотитет при расчистувањето беше даден на следните улици:- Маршал Тито, Фемо Кулаков, Индустриска, Партизанска, Јане Сандански, Ацо Аџи Илов, Пекарев, Борис Кидрич, Киро Крстев, Ленинова, Гоце Делчев, Даме Груев и Цандо Кожинков кои спаѓаат во приодно-влезни улици, со голем интензитет на сообраќај и кои го поврзуваат административниот центар. Веднаш потоа, на терен се пристапи кон расчистување и на улиците 29 Ноември, 11 Октомври, Никола Петров, Манчо Малиминов, Димче Мирчев, Васка Калајџиска, делови од Антигона, Едвард Кардељ, Вељко Влаховиќ, Вардарска, Пиринска, Ѓоко Мишев, Вано Ташев, Првомајска, Владо Арсов Шпанац, 8-ми Ноември, Илинденска, Кирил и Методиј, Браќа Миладинови, делови од населбата Саат-кула и други улици кои ги поврзуваат сообраќајниците од првиот приоритет. Паралелно, расположливата механизација и работната рака беа ставени во функција на расчистување и на патиштата до населените места во општината. Па така, расчистени се патните правци до Тимјаник, Д.Дисан, Војшанци, Дуброво, Тремник, Пепелиште, Криволак, Г.Дисан, Вешје, Калањево, Курија, Црвени Брегови. Екипите и понатаму ќе бидат континуирано присутни на терен и ќе интервенираат секаде каде што ќе се јави потреба од нивен ангажман. |