Во тек е поставување на нова подземна електрична инсталација за улично осветлување во должина од околку 360 метри на дел од улица „ Коста Волкановски “ и дел од улица „ Владо Арсов Шпанац“ . Ќе бидат поставени 11 нови лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови кои ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во градот. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино. |
Повеќе...
|
|
Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино работеа на отстранување односно чистење на песокот и солта, кои беа фрлени на улиците низ целиот град поради врнежите од снег кои паднаа изминатата недела. Екипите на терен започнаа со чистење на главната улица „ Маршал Тито “ до излезот со Кавадарци. Се чистеше улица „ Партизанска “ од центарот до ЈП „ Комуналец “ како и улица „ Борис Кидрич “ до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино. |
Повеќе...
|
Со санацијата предвидено е да се изврши замена на оштетената подлога со тампонски слој, прередување на бекатон коцките и рабниците од тротоарите како и замена на оштетените елементи од истите. Градежните активности на терен се очекува да завршат во рок од две до три недели. Изведувач на градежните активности е фирмата ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ - Кавадарци, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје. |
Повеќе...
|
Во тек се градежни активности за изградба на улица во село Криволак во должина од 250 метри. Со изградбата предвидено е да се реши долгогодишниот проблем и да се подобри квалитетот на живеење на жителите од село Криволак. Изведувач на работите е фирмата ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО од Кавадарци, а за надзор е избрана фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ Скопје. Рок на извршување на градежните работи е 60 денови. |
Повеќе...
|
Почитувани сограѓани, И покрај почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за КОВИД 19 , резултатот е позитивен. Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам почитувајте ги мерките и препораките за заштита од Корона вирусот. Гарантирајки ја здравствената сигурност на граѓаните до завршување на периодот на лекување и изолација, работните обврски ќе ги извршувам од дома.
|
Денес во големата сала на Општина Неготино, почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од Корона вирусот, беа доделени наградите од натпреварот за најдобри вина и ракии од индивидуални производители - реколта 2020. Во категорија најдобри црвени вина: 1 место – Влатко Цветановски 2 место – Ивица Златковиќ 3 место - Горан Јаковлевски Во категорија најдобри бели вина: 1 место – Гоце Попов 2 место – Гоце Станоески 3 место – Тоше Николов Во категорија најдобра ракија: 1 место – Горан Јаковлевски 2 место – Бранко Вељанов 3 место – Кирил Андов Најдобра овошна ракија - Лилјана Луканова Најдобра мастика – Никола Манчев Општина Неготино им честита на сите наградени и им посакува оваа 2021 година производство на уште подобри вина и ракии.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Лист 49 од 314 |