Општина Неготино
Неготино енергетско ефикасна општина PDF Печати

Со цел за подобрување на енергетската ефикасност, Општина Неготино изминатите години спроведе бројни активности за подобрување на енергетската ефикасност во општината како и објектите кои делуваат во рамките на истата. Од огромна важност е и зголемувањето на свеста кај граѓаните за значењето на енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата во општината.

Согласно Законот за енергетика, Општина Неготино имаше обврска за изготвување на сопствена локална програма за енергетска ефикасност.
Изработката на програмата е дел од придонесот кон „ Енергетски ефикасна
локална самоуправа“ кој има за цел да ја подигне свеста за енергетска
ефикасност кај локалната самоуправа, кај вработените во институциите
основани од општината, корисниците на тие институции, како и кај граѓаните на
општина Неготино. Со ова општина Неготино континуирано дава свој допринос и поддршка во напорите за намалување на енергетската интензивност во јавните објекти на локално ниво.

Повеќе...
 
Формиран Општински совет за социјална заштита PDF Печати

   Општина Неготино на 05.01.2021 год., на првата Конститутивна седница го формира Општинскиот совет за социјална заштита , по претходно донесена одлука од Советот на општина Неготино.Овој Совет е составен од претставници од општината, Центар за социјална работа,Здравствен Дом, основните и средното училиште,Полициска станица,Јавно обвинителство.Црвен Крст, Порака и малите групни домови.Општинскиот Совет за социјална заштита донесе Социјален план и Деловник за работа на истиот.Овој Совет брои 15 члена со мандат од 4 години кои ќе работат активно  за подобрување на социјалната состојба во општината со свои предлози, иницијативи и препораки.

 

 
Патронен празник на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино PDF Печати

ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино денес го слави својот патронен празник. По тој повод , денес градоначалникот Тони Делков, претседателот на Советот Диме Витанов и секретарот на општината Ивица Златковиќ положија свежо цвеќе на спомен бистата поставена во училиштето.   Градоначалникот Тони Делков на сите ученици и наставен кадар им го честиташе денешниот патронен празник  со желби за многу успех во понатамошното образование, а воедно им посака и  успешно продолжување на учебната година која поради состојбата со Корона вирусот во овие моменти се одвива онлјан.   Нека е честит патрониот празник на ООУ „ Страшо Пинџур “ . 

Повеќе...
 
Санирани тротоарите на улица „ Пекарев “ и паркот на улица „ Ставре Ставров “ во Неготино PDF Печати

Комплетно заврши санацијата на тротоарите на улица „ Пекарев “. Со истата беше извршена замена на оштетената подлога со тампонски слој. Се прередија бекатон коцките и рабниците од тротоарите, а се изврши и замена на сите оштетени елементи.
Комлетно завршена е и санацијата на паркот на улица „ Ставре Ставров “ со што се направи замена на оштетената подлога и елементи на патеките како и подлогата наменета за детски реквизити. Изведувач на градежните активности беше фирмата „ Павер Трејд ДООЕЛ “ Кавадарци, а надзор фирмата „ МГ Проект ДООЕЛ “ Скопје.
Средствата за овие санации се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино


Повеќе...
 
Одржан редовен координативен состанок на Кризен штаб на Општина Неготино PDF Печати

Кризниот штаб на Општина Неготино денеска одржа редовен состанок на кој се дискутираше за состојбата со Корона вирусот во општината.
Согласно добиените информации од надлежните, констатирано е дека состојбата со КОВИД 19 во општината е алармантна со тоа што бројот на активни случаи во моментот во Неготино изнесува 279 заболени лица.
Разгледувајќи ја ситуацијата се донесоа следните препораки и заклучоци:
1. Со одлука на Советот на општина Неготино на Градскиот пазар ќе се ограничи продажбата на производи , односно ќе може да се продаваат само земјоделски производи;
2. Во текот на денешниот ден стручни служби од Општина Неготино, ОВР Неготино и Пазарната инспекција извршија проверка на угостителските објекти во делот на почитување на пропишаните мерки за работа на истите. Притоа им беше упатено, доколку не ги почитуваат мерките, ќе следуваат ригорозни мерки, односно, ќе се им бидат поднесени соодветни казни;
3. Строго се забрануваат групирањата на јавни површини ( паркови, бензински пумпи, Спомен костурница, СРЦ „ Младост “) , а ОВР Неготино ќе врши засилена контрола и доколку не се почитуваат мерките ќе следуваат соодветни санкции;
4. Бидејќи е утврдено дека спортските терени, детските игралишта, Спомен костурницата, клупите на градскиот плоштад се користат за групирање на повеќе луѓе на јавна површина, истите соодветно ќе бидат оградени со ленти и сите непочитувања односно нивното користење надвор од препораките ќе бидат соодветно санкционирани од страна на надлежни институции;
5. Општина Неготино вклучитено и Кризниот штаб ќе испратат Допис до Главниот кооринативен штаб на Република Северна Македонија со барање за воведување на полициски час на територијата на Општина Неготино на неопределено време, со цел за спречување на ширењето на болеста во нашата општина.
6.Се апелира до сите граѓани на општина Неготино доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Корона вирусот ( носење на заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини како и одржување на соодветно растојание на затворено или отворено);
7. ЈП „ Комуналец “ ќе продолжи со редовната дезинфекција на територијата на општина Неготино;
8. Локалното население да ја подигне јавната чистота преку сопствено делување и грижа за животната средина како и соодветно третирање на отпадот;
9. Посебно се потенцира засилена и редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите на работа во Дрекслмајер Кавадарци;

 
Заменето е осветлувањето во ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино PDF Печати

  Во централното општинско училиште „ Гоце Делчев “ Неготино комплетно е извршена промена на внатрешното осветлување. Старите и дотраени светилки се заменети со нови лед штедливи светилки.  Со цел за подобрување на наставата во училиштето, преземани се чекори со што се отранети постојните недостатоци во делот на осветлувањето во училиштето.  Замената на вкупно 300 светилки во целото училиште е реализирана од сопствени средства на училиштето. Овие лед светилки се многу поекономични со што се очекува да се намали потрошувачката на електрична струја за околу 60 проценти.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 48 од 314